Еден од најдобрите прволигашки стрелци се пресели во Радовиш

Еден од најдобрите прволигашки стрелци се пресели во Радовиш

Екипата на Радовиш, која во новата сезона ќе игра во Првата лига, во своите редови го донесе довчерашниот член на Текстилец, Васе Петров.

Новиот член на Радовиш во изминатите две сезони беше меѓу најдобрите стрелци во прволигашката конкуренција.

Радовишани во новата сезона ќе бидат посилни и со повратникот во тимот, левиот бек Здравко Постолов, кој вториот дел од минатата сезона го мина во Тиквеш.

Со двете засилувања, како и со задржувањето на неколку важни играчи од ланскиот состав, тимот на Радовиш се надева дека ќе избори пласман во плеј-оф фазата во Првата лига и ќе се обиде експресно да се врати во елитата.

До почетокот на сезоната не е исклучена можноста да пристигнат уште неколку засилувања во тимот на Љупче Мијалов.

 

Здравко Постолов се врати во Радовиш



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ