СТРУГА 2023: Динамо Панчево верува во добар настап – противниците се силни, турнир ќе биде изедначен!

На 51. издание на Струшкиот турнир ќе учествува и амбициозниот суперлигаш од Србија, Динамо Панчево.

Станува збор за клуб кој веќе во првата деценија од постоењето, односно во 1955 и 1957 година стана шампион на Југославија, а беше вицепрвак три пати.

Тренерот на Динамо Панчево, Драган Марковиќ, имаше пофални зборови за организацијата на турнирот.

,,На турнирот не очекуваат три многу силни меча и јас ќе имам можност да видам како моите играчи ќе одговорат на поставените задачи. На овој престижен турнир учествував како играч, а потоа и како тренер на Азоти Пулави и Борац од Бања Лука… Морам да кажам дека навистина го ценам и почитувам овој турнир и многу ми е драго што повторно ќе бидам дел од овој спектакл”, изјави Марковиќ.

Екс селекторот на БиХ имаше пофални зборови за ривалите на неговиот тим.

,,Противниците во групата се многу силни и тоа ќе биде одличен тест за мојот тим. Не очекуваат натпревари со вицешампионот на Македонија како и со шампионот на Грција, мислам дека не треба да трошиме многу зборови за какви екипи станува збор. Традиционално со години учествуваат многу силни екипи, така е и оваа година, многу добри екипи ќе го атакуваат на трофејот, бидејќи освојувањето на овој турнир е чест и привилегија”, додаде Марковиќ.

Искусниот стратег се надева дека неговите избраници ќе покажат добри партии во новата сезона

,,Од оваа сезона очекувам моите играчи да се борат на секој натпревар и да победуваат на секој натпревар. Што се однесува до целите, тие се секако највисоки, а исто така не очекуваат и натпревари во Европа, каде што очекувам добро издание на мојот клуб”, заврши Марковиќ.

Капитенот на Динамо Панчео, Милош Костадиновиќ, настапот на турнирот во Струга го гледа како вистински тест пред стартот на новата сезона

,,Со оглед на тоа што учествуваме на еден од најдобрите турнири во Европа и со многу долга и убава традиција, очекуваме максимално да го искористиме овој турнир за да се подготвиме за претстојните предизвици во сезоната. Доаѓаме со најсилниот тим, имаме среќа што сите играчи се здрави и подготвени за сите предизвици, па тренерот ќе ги има на располагање сите играчи и ќе може да ги испроба сите тактички замисли”, изјави Костадиновиќ.

Десното крило смета дека сите натпревари на турнирот во Струга ќе бидат возбудливи и интересни за гледање.

,,Имав чест и задоволство еднаш да бидам дел од овој турнир, гостував со романската Стеауа. Многу сум среќен што оваа година ќе бидам дел од тој спектакл бидејќи тоа е турнир со голема традиција. И двајцата наши ривали се силни противници, тоа ќе биде идеална можност да ги провериме силите и да видиме каде сме во споредба со силни екипи како Алкалоид и АЕК. Што се однесува до фаворитите за освојување на турнирот, многу е тешко да се каже бидејќи оваа година учествуваат многу квалитетни и одлични екипи и мислам дека турнирот ќе биде многу изедначен”, додаде Костадиновиќ.

Тој очекува и добри резултати во домашниот шампионат и на европска сцена.

,,Што се однесува до нашите цели во претстојната сезона, тоа е секако борбата за највисок пласман во првенството и Купот на Србија. Не чека уште една сезона во рамки на ЕХФ Купот каде искрено би сакал да направаме барем уште еден чекор напред во однос на минатата сезона”, заврши Костадиновиќ.

СТРУГА 2023: Динамо Панчево – некогашниот југословенски првак со нови лица доаѓа на традиционалниот турнир

 

 

Дознајте ги сите новости поврзани со 51. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет.

.
.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ловќен и Будуќност остануваат доминантни во Црна Гора

По освоениот национален шампионат, ракометарите на Ловќен го...

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – ЖЕНИ (АНКЕТА)

Втора сезона по ред редакцијата на 24Ракомет, единствениот...