Вардар убедливо ја доби „контролката“ против Голден Арт

Вардар убедливо ја доби „контролката“ против Голден Арт

Екипата на Вардар денес го одигра вториот контролен дуел и денешен спаринг партнер на „црвено-црните“ беше младиот тим на Голден Арт.

Вардарци во контролниот дуел, кој беше одигран во спортската сала при ОУ „Круме Кепески“ во Кисела Вода, славеа со 35:24 (18:14).

Тренерите Владо Недановски и Владимир Глигоров им дадоа шанса на сите ракометари и имаа можност да испробат неколку тактички замисли.

Најефикасен во редовите на Вардар беше кружниот напаѓач Милан Лазаревски, додека кај Голден Арт се истакна средниот бек Марио Миланов.

Тимот на Вардар за следен предизвик во текот на подготвителниот период го има настапот на Струшкиот турнир.

Ракометарите на Голден Арт ќе настапат на турнирите во Охрид и Прилеп.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ