СТРУГА 2023: Влезниците со популарна цена – 50 денари за два натпревари дневно

Денеска на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа во Струга ќе стартува 51. издание на традиционалниот Струшки турнир.

Ова лето покрај езерото ќе играат домаќинот Струга, Алкалоид и Вардар, како и шведскиот Ескилстуна Гуиф, грчкиот АЕК Атина и српскиот Динамо Панчево.

Влезниците за натпреварите ќе се продаваат на влезот на отвореното игралиште по цена од 50 денари за двата меча во текот на денот.

Турнирот ќе биде отворен со натпреварот меѓу Струга и Вардар од 18:30 часот, по што следува свеченото отворање, па дуелот на Алкалоид и Динамо Панчево.

Дознајте ги сите новости поврзани со 51. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет.

.
.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Бугарија ќе ги објави имињата на сите Македонци со бугарски пасош

Пратениците во бугарскиот Парламент во прво читање гласаа за...

Пехарот на срамот останува на Арсовска и СДСМ, плукаа силно, а сега паѓа на нивното лице

Добиена тужбата за клевета против лагите дека се „профитирало“...