СТРУГА 2024: Доаѓа и грчкиот вицепрвак АЕК Атина

СТРУГА 2024: Доаѓа и грчкиот вицепрвак АЕК Атина

Струшкиот турнир ова лето ќе го има своето 52. издание на кое шест екипи ќе се борат за трофејот.

Од 14 до 17 август на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ ќе гостува и грчкиот вицепрвак АЕК Атина.

Клубот од грчката престолнина, исто така, и во минатата сезона беше еден од учесниците на турнирот во Струга.

Покрај АЕК Атина, на струшкиот турнир ќе учествуваат уште две странски екипи, една од нив е Ескилстуна Гуиф од Шведска.

Од Македонија, освен домаќинот Струга, учесници ќе бидат уште Тиквеш и шампионот Еурофарм Пелистер.

СТРУГА 2024: Шведскиот Гуиф доаѓа и ова лето покрај езерото

 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ