Струга не попушта, моќен Шкупи и „нула“ за Шкендија – Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 15. КОЛО

Струга Трим и Лум продолжува со победите во домашниот шампионат откако во премиерниот меч од 16. рунда славеше над Силекс во дербито на рундата со 2-1. Иако во еден период наликуваше дека стружани се во пад, сепак тие до крајот ќе бидат во игра за првата титула во шампионатот. Скопје го приреди најголемото изненадување оваа рунда откако триумфираше со 2-1 против Академија Пандев. Актуелниот шампион Шкупи беше убедлив против Победа со 0-6. Шкендија роденденот на „Балистите“ го прослави со реми без голови против Тиквеш, додека Работнички на Милан Илиевски продолжува со одличните партии откако славеше над Македонија ЃП со 2-0.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Валид Хамиди (Шкупи) 

Шкупи ја декласираше прилепска Победа со 0-6. Главен виновник за убедливата победа на чаирчани беше Валид Хамиди кој беше стрелец на два гола на овој натпревар.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Милан Илиевски (Работнички) 

Работнички продолжува со одличните партии откако на клупата седна Милан Илиевски. „Романтичарите“ одиграа феноменален натпревар против „лавовите“, а токму Илиевски го надитри својот ривал Муарем Бајрами.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Валид Хамиди (Шкупи) 

Валид Хамиди со два гола го водеше Шкупи до убедлива победа над Победа во Прилеп од 0-6. Токму еден од погодоците на Хамиди е избран за најубав на колото.

 

 



 

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

==================================

ФОТО НА КОЛОТО: Некогаш заедно во репрезентација, сега на спротивни страни на теренот…

 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ЖЕНА ЌЕ БИДЕ! – Република

Васко Шутаров Политиката е именка од женски род и на...

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Струга на гости во Автокоманда, Драчево домаќин на Младост

Денеска со натпреварот меѓу вицепрвакот и Струга ќе...