Струга со нов голем чекор кон титула, Шкендија и Шкупи не се предаваат – Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 29. КОЛО

Фудбалерите на Струга Трим и Лум направија разлика од пет бода на првенствената табела во Првата македонска фудбалска лига откако во 29. коло на домашен терен славеа со 2-0 против секогаш незгодниот Тиквеш. Стружани го искористија „киксот“ на првиот пратител Шкендија која на домашен терен одигра реми без голови (0-0) против кратовски Силекс. Шкупи се враќа во игра за титулата откако ја декласираше Брегалница со 3-0, а победа забележа и Македонија Ѓорче Петров која славеше против Скопје со 2-1. Конечно на триумф во ПМФЛ се израдува и Академија Пандев која потешко од очекуваното триумфираше со 2-0 над „фенерџијата“ Победа.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Сандеј Адетунџи (Шкупи)

Фудбалерите на Шкупи се вратија на победничките патеки откако полесно од очекуваното славеа против Брегалница со 3-0. Главен виновник за одличната партија на тимот од Чаир беше Сандеј Адетунџи кој беше стрелец на два гола за својот тим со кои и заслужено го доби епитетот најдобар играч на 29. рунда во ПМФЛ.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горазд Михаилов (Силекс)
Шкендија направи голем чекор назад во борбата за титулата во ПМФЛ откако ремизираше без голови (0-0) против Силекс. Најголем виновник за ова реми е тренерот на кратовци Горазд Михаилов кој одлично го подготви овој меч во кој успеа да му откине два бода на тетовскиот клуб.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Филип Мишевски (Македонија ЃП) 

Македонија Ѓорче Петров славеше против Скопје со 2-1, а натпреварот го одбележа „евроголот“ на одбранбениот фудбалер на „лавовите“ Филип Мишевски кој на неверојатен начин стрелаше од слободен удар.



 

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ