Струга ТЛ, Захариевски, Дориев… – Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

====================================================================================================

ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНА

ЕКИПА.МК на крајот на тековната 2022 година ги избира најдобрите од првиот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Најдобриот тренер, најдобриот фудбалер, како и тимот на полусезоната, најубавиот гол и фотографијата на полусезоната. И повеќе од заслужено тренер на есенскиот дел од шампионатот е Срѓан Захариевски, човекот кој Струга Трим и Лум ја направи конкурент за трофејот во ПМФЛ. Захариевски и неговите играчи пролетта ќе ја дочекаат од пол-позиција. За најдобар фудбалер во овој дел од шампионатот е избран Љупче Дориев… Фудбалерот на Шкендија одигра феноменален есенски дел со кој заслужи и повик од селекторот Благоја Милевски во А-тимот на Македонија. Друштво меѓу најдобрите единаесет му прават и: Кристија Наумовски (Шкупи), Гаги Маргвелашвили (Шкупи), Дарко Илиески (Струга ТЛ), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Љупче Дориев (Шкендија), Фреди Алварез (Шкупи), Буњамин Шабани (Струга ТЛ), Аденис Шала (Шкендија), Христијан Малески (Струга ТЛ), Филип Обадовиќ (Силекс) и Иван Ивановски (Тиквеш).

====================================

ИГРАЧ НА ПОЛУСЕЗОНА: Љупче Дориев (Шкендија) 

За најдобар фудбалер во овој дел од шампионатот е избран Љупче Дориев… Фудбалерот на Шкендија одигра феноменален есенски дел со кој заслужи и повик од селекторот Благоја Милевски во А-тимот на Македонија. Покрај признанието за најдобар фудбалер, Дориев во моментов ја има и „Златната копачка“ во мак-фудбалот откако со девет гола е прв стрелец по овој дел од шампионатот.

================================

ТРЕНЕР НА ПОЛУСЕЗОНА: Срѓан Захариевски (Струга ТЛ)

И повеќе од заслужено тренер на есенскиот дел од шампионатот е Срѓан Захариевски, човекот кој Струга Трим и Лум ја направи конкурент за трофејот во ПМФЛ. Захариевски и неговите играчи пролетта ќе ја дочекаат од пол-позиција.

 

=============================

ГОЛ НА ПОЛУСЕЗОНА: Иван Галевски (Победа) 

Победа дури во 5. коло го освои првиот бод во новата сезона, и тоа на жешкото гостување на „Чаир“. А тоа го стори благодарение на ремек делото на Иван Галевски. Крилниот фудбалер на прилепчани се „прошета“ низ одбраната на Шкупи, и погоди прекрасно во голот, за еден бод на својот тим. Бод кој подоцна донесе и тренерска смена кај Шкупи во тој момент, но по само една недела Седлоски се врати на Чаир. Токму овој погодок на Галевски е избран за најдобар на полусезоната.



 

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ ПОЛУСЕЗОНА

==================================

ФОТО НА ПОЛУСЕЗОНА: С*кс, ракија, Тиквеш, чаршија! 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

„Забавно е да се игра во Битола“

Голманот на Вардар, Мартин Томовски никогаш во својата...

Кадетското злато остана во Автокоманда

Домаќинот на кадетскиот турнир од Ф4, не залудно...

Младост ја продолжува борбата за второто место во прволигашкиот плеј-оф

Тимот на Младост Богданци пред својата публика не...

Радовиш чекор поблиску до суперлигашки бараж

Екипата на Радовиш пред својата публика одигра според...