Тиквеш е „хит“, Кавадарци живее за фудбал – Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 10. КОЛО

Тиквеш е вистински хит сезонава во Првата македонска фудбалска лига. Клубот од Кавадарци откако го презеде Ѓорѓи Мојсов игра неверојатно, а одличната форма ја „круниса“ со убедлив триумф против Македонија ЃП од 4-0 со кој се вивнаа на делба второто место во елитата со Шкендија. Токму тетовци одиграа само реми без голови против Брегалница по кое се со девет бода негатива зад лидерот Струга Трим и Лум која беше слободна оваа рунда. До сензационален триумф од 0-3 стигна и Победа на гостувањето кај Силекс во Кратово. а без голови 0-0 одиграа и Скопје и Работнички во Автокоманда.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Иван Ивановски (Тиквеш) 

Иван Ивановски одигра неверојатен натпревар во триумфот на Тиквеш над Македонија Ѓорче Петров од 4-0. Ивановски убедливата партија на својот тим ја зачини со два гола со кои и повеќе од заслужено го доби епитетот играч на 10. рунда во ПМФЛ.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Ѓорѓи Мојсов (Тиквеш)

Тиквеш е вистински хит сезонава во Првата македонска фудбалска лига, а најзаслужен за тоа е младиот стратег Ѓорѓи Мојсов. Откако клубот од Кавадарци го презеде Мојсов игра неверојатно, а одличната форма ја „круниса“ со убедлив триумф против Македонија ЃП од 4-0 со кој се вивна во врвот на табелата во елитата.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Игор Паноски (Победа)

Победа стигна до изненадувачки триумф на гостувањето кај Силекс од 0-3, а голот на колото го постигна Игор Паноски кој на неверојатен начин во финишот на натпреварот го матираше голманот на кратовци.

 

=================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

  



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ваљадолид се збогува со Дарко Димитриевски

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски во новата сезона ќе...

Хрватска со нов селектор против Македонија на ЕП

Младинската репрезентација на Хрватска ќе има нов селектор...