Тоскиќ го презема кормилото на познат српски клуб!?

Динамо Панчево пред неколку дена ја прекина соработката со тренерот Драган Марковиќ, иако овој тим оствари солидни резултати на домашна и европска сцена.

Раководството на српскиот суперлигаш веднаш се вклучи во потрага по нов тренер за следната сезона, а според пишувањата на порталот „Спортски журнал” веќе е пронајден наследникот на Марковиќ.

По завршувањето на тековната сезона, во клубот од Панчево би требало да пристигне екс членот на Вардар, Алем Тоскиќ.

42-годишниот стратег на 21 март поднесе оставка од тренерската функција на Целје, откако тогашниот негов тим не успеа да обезбеди Ф4 во Купот на Словенија.

Според споменатиот медиум, во игра за нов тренер на Динамо Панчево бил и Андреја Вукојевиќ, кој лани се врати од Израел во Србија и моментално работи во стручниот штаб на Звезда.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Лазаров повика нов играч за баражот со Фарски Острови

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе ги...

Митев: Клучно во баражот со Фарски Острови ќе биде одбраната

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска го имаше...

Сениорите од денеска на собир, ќе се комплетираат за неколку дена

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе ги...

Сениорите од денеска на собир, двајца играчи ќе се приклучат в недела

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе ги...