Убиените мечиња порачуваат: Од Македонија и животните ќе бегаат!

Македонија има мака со многу злобни и лоши луѓе. Се крши општествен имот, се пали и краде што ќе се стигне, агресивност на секој чекор… Лошотилокот крај нема…

И државата (читај – институциите) како да се навикнуваат на сето тоа, па затоа и бледа е реакцијата по вчерашната грозоморна сцена на убиена мечка и две мали мечиња фрлени на ѓубриште во Жировница. 

Ужас!!!

Злобникот кој ова го сторил е непознат. Од надлежните се добива вообичаената реченица: „потрагата по него веќе е започната“.

Колкумина здивени граѓани до сега се казнети за слично злосторство или барем за соголување, палење на шумата каде живее мечката, рисот, еленот…? Колкумина се казнети што злоставуваат животни, ги труе, ги тепа, па дири и пука по нив и во самите градови? Кога ќе си одговориме на ова ќе разбереме зошто лошите луѓе се осилени.

Но, не е само таа причината за лошотилокот. Во што е претворен голем дел од македонското општество? Кој станува пример за младите, кои се лидерите кои се секој ден на ТВ? И секако, треба да се запрашаме сите дома – како родители на што ги учиме децата?

Вандалите немаат милост кон ништо. Зарем и сите ние останатите нема да направиме ништо за тоа да се сопре?

Од Македонија и животните ќе бегаат…

 

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Алборг го повлече дресот на Хансен, но двајца ќе може да го носат

Данскиот шампион Алборг го повлече дресот со број...

Квартет засилувања за враќање на старите европски патеки

Словенечкиот првак Крим по Ана Грос, Грас Заади,...

Легендарната Луминица Дину по долго време повторно во Скопје

Легендарната романска голманка Луминица Дину, по подолго време...

Силен турнир во Добој: Пелистерци ќе тестираат против Веспрем, Барса, Загреб…

Еден од најстарите ракометни турнири во Европа заедно...