Вардар доби покана за „турнирот на шампионите“ од СЕХА, но мораше да ја одбие!

Од 1 до 3 септември во турскиот град Сакарија ќе се игра турнир во организација на СЕХА лигата на кој треба(ше) да настапат досегашните победници на регионалната конкуренција.

Сепак петкратниот шампион Вардар нема да биде дел од овој настап кој го доби името „Куп на пријателството“, поради обврските во Лигата на Европа.

Toa го потврди вице-претседателот на СЕХА лига, Борис Сапожњиков, во интервју за реномираниот руски портал „Брз Центар“.

„Турнирот го доби називот „СЕХА Куп на пријателството“. Него не го организира некоја од дивизиите, туку лигата воопшто. Ние ги поканивме сите досегашни победници, а во историјата се четири – Вардар, Веспрем, Загреб и Мешков Брест. Но Македонците на почетокот на септември, кога е планиран турнирот, играат квалификации за Лигата на Европа, па затоа беше поканет српскиот првак Војводина, постојан учесник во СЕХА лигата, како и актуелен освојувач на трофејот во Европскиот Куп. Тие одговорија потврдно за 15 минути. Купот на пријателството ќе се игра од 1 до 3 септември во Ф4 формат“, вели вице-претседателот на СЕХА, Борис Сапожњиков.

Новата сезона во дивизијата „Исток“ започнува на 13 септември, со учество на десет клуба, додека нема информации кои екипи ќе играат и дали воопшто ќе се игра дивизијата „Југ“ од регионалната СЕХА конкуренција.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – ЖЕНИ (АНКЕТА)

Втора сезона по ред редакцијата на 24Ракомет, единствениот...

ИЗБЕРИ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – МАЖИ (АНКЕТА)

Зад секој успех на тимот стојат и поединци...