ВИДЕО| Шведска компанија ги презеде правата на каталогот на песни на бендот Kiss


„Pophouse Entertainment“, шведска компанија специјализирана за стокови марки и забава, во четвртокот објави дека ги стекнала правата за каталогот со песните на легендарниот американски хеви-метал бенд Kiss.

Компанијата, ко-основана од поранешниот член на легендарната шведска поп-група АBBA, Бјорн Улвеус, сега ќе ги поседува „музичкиот каталог, брендот и имиџот на групата, вклучувајќи ги препознатливиот дизајн на шминката на култната американска рок група и нивните заштитни знаци“, се вели во соопштението за јавноста.

Износот на трансакцијата не е откриен.

Kiss е „една од најпрепознатливите и најпознатите групи во историјата на музиката“, рече Јохан Лагерлоф, шеф за инвестиции во „Pophouse Entertainment“.

Се подготвува филмски проект за и сторијата на групата и шоу со дигитални аватари на музичарите, додаде тој.

Посебно позната по мега-хитот „I was made for lovin’ you“, пиротехничките ефекти и стилизираната шминка, њујоршката група продаде повеќе од 100 милиони плочи ширум светот во својата 50-годишна кариера.

Уште во декември, „Pophouse Entertainment“ најави создавање на дигитални аватари за сценските изведби на Kiss, кои, според шведската компанија, го означиле „крајот на нејзиното физичко постоење“.

Шведската компанија претходно помогна во дизајнирањето на изведбата „ABBA Voyage“ во Лондон, во која дигитални аватари или „ABBAtars“ ги изведуваа хитовите на иконата шведска поп група.

Во февруари, „Pophouse Entertainment“ објави дека ги стекнала правата за каталогот на песни на американската пејачка Синди Лоупер.

 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ПИОНЕРИ Ф4: Охриѓани преку пенали до финалето

Младите ракометари на Охрид се изборија за финале...

📷 Фараните не отстапија од планот – иако уморни, тренираа во Скопје

Иако имаа големи проблеми со патувањето до Скопје,...

Шампионот останува на тронот – Ѓорче Петров слави нова титула!

Ѓорче Петров ја одбрани шампионската титула во Женската...

„Спортскиот менталитет е загубен кај младите“

Еден од главните проблеми со кои се соочуваат...