Владимир Глигоров: Играчите ми ги избришаа сите прашалници – сигурно атакуваме на плејофот

Тимот на Голден Арт реши во новата сезона да го реновира тимот и да ги „фрли во оган“ на оние што до лани помалку добиваа шанса, па и да прекомандуваат некои играчи од младинскиот состав. Седмото место на турнирот во Охрид можеби резултатски гледано не е голем успех, но ако се гледаа настапите на тимот тогаш немаше да биде изненадување ако беше и некое место повисоко рангиран.

Во последниот натпревар за пласман Голден Арт со пресврт во последната четвртина од мечот го победи Бутел со 21-18. Но, на секој меч на турнирот „градежниците“ покажаа лице со кое ривалот тешко знаеше да се справи. Само поради наметнатиот ритам, мечеви секој ден и неискуството, Голден Арт не се радуваше на триумф и во групната фаза.

Тренерот Владимир Глигоров имаше пофални зборови за своите ракометари, но и е оптимист за она што го очекува тимот во домашното првенство.

„Она што го кажав на подготовките дека очекувам екипата да покаже поинаков стил на игра, поинаква физиономија. играчите со настапот на овие четири натпревари во Охрид ми го потврдија. Сите прашалници ме натера да ги избришам. Можам да кажам дека ќе атакуваме на пласман во плеј офот. После ова што го покажавме тука во Охрид, не смееме да одиме подолу, смета Глигоров.

Голден Арт не ги откри сите џокери со кои располага. Нешто сочувале и за првенството.

„Има уште некои работи на кои ќе поработиме, во однос на тактичкиот дел во нападот. За овој турнир се договориве да не отвориме целосни картите во нападот. Фокусот беше во одбраната. Играчите максимално ги остварија поставените задачи. Покажауваа карактер и желба на победа, смета Глигоров.

Прикажаната игра на Голден Арт ќе биде анализирана од нивните ривали во првенството, и сигурно е дека скопјани нема да бидат сметани за аутсајдери.

„Независно како не сметаат, дека сме лесен или тежок противник, јас се потпиран на тимот, а не на поединците. Покажавме металитет, иако загубивме на првите мечеви не бевме инфериорни. Ние нашата работа ја гледаме посеирозно. Треба да поработиме во нападот во некои сегменти. Ќе се сконцентрираме во тој дел. беше планирано да играме и со 5-1 одбрана, но со стилот на 6-0 надомести некоја длабочина, смета Глигоров.

Во домашното првенство Голден Арт е во група со екипите на Бутел, Вардар, Вардар Неготино, Еурофарм Пелистер, Мулти Есенс, Прилеп и со Пролет.
Во првото коло Голден Арт треба да гостува во Автокоманда кај Мулти Есенс.

.

Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Француски документарен филм за конфискуваната колонијална уметност е победник на Берлиналето

Добитник на Златната мечка за најдобар филм на овогодинешното...

Дивата од модните писти слави 58 роденден: Се трудам да бидам добра

– Благодарна за уште еден сет роденденски свеќички –...

Големо невреме зафати делови од БиХ – училишта и болници останаа без покриви

Силно невреме придружено со силен ветер во текот на...

Димитриевски: ЗНАМ нема да поддржи избор на претседател во Собранието

Вакви барања секогаш доаѓаат во предизборен период, и наводно...