Во Љубљана посакуваат Лига на шампиони – квартет засилувања за Слован на Зорман

Во Љубљана посакуваат Лига на шампиони – квартет засилувања за Слован на Зорман

Тимот на Слован Љубљана во наредните сезони ќе се обиде да ја сруши тројката Целје, Горење и Тримо, и да ја освои шампионската титула во Словенија.

За таа цел го ангажира Урош Зорман, кој се обврза на четиригодишна верност, а веќе пристигнаа и четири засилувања.

Најзвучното име доаѓа од хрватскиот првак Загреб, а тоа е голманот Алјаж Пантјар. Искусниот Пантјар се враќа во словенечкиот шампионат, каде Слован сака да игра важна улога.

„Се одлучив за Слован бидејќи тоа е амбициозен проект со високи цели. Клубот има јасна визија, сака во иднина да ги освојува сите домашни трофеи и да игра на највисоко ниво во Европа, во Лигата на шампионите“, изјави Пантјар кој потпиша договор до 2027 година.

Тој има настапувано и за Целје и Горење, и со овие два клуба има освојувано домашни титули.

Во Слован доаѓа и искусниот десен бек Гашпер Храстник. Тој минатата сезона ја мина во Рибница, а претходно има богато интернационално искуство во романскиот ЧСМ Букурешт, францускиот Истр, хрватскиот Загреб, австрискиот Кремс…

Тимот предводен од Зорман ангажираше и две странски крила – левото крило од Босна и Херцеговина, Ади Мехмедќехајиќ од Грачаница и десното крило од Грција, Николаос Цорцинис од ПАОК Солун.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ