Во меч без резултатско значење Тиквеш лесно го победи Пролет

Во меч без резултатско значење Тиквеш лесно го победи Пролет

На едно коло до крај на сезоната, ниту Тиквеш, ниту Пролет можат нешто да сменат во сопствениот пласман, па затоа нивниот меѓусебен дуел беше провеќе „пријателски“ без голем набој или неизвесност. Домаќините со триумфот 29-25 (17-16) само го потврдија петтото место на табелата, и ја остварија седмата победа во плејофот.

Ова беше втора победа на Тиквеше во меѓусебните дуели сезонава, а Пролет остана на седмото место на табелата, иако повторно тешко „ја продаде кожата“ и на овој натпревар.

Неизвесно беше само првото полувреме, додека Пролет одржуваше рамнотежа, имаше активен резултат, па дури и водство од 2-3 гола. Но, во самта завршница на првото полувреме домашните направија пресврт и го завршија тој дел од мечот со позитива од 17-16.

Потоа само што почна вториот дел Тиквеш почна да доминира. за 18 минути играње постигна девет гола, а прими само два и поведе со 26-18, што беше клуч за конечниот успех. Немаше жар во играта на гостите, кои како да се предадоа, а Тиквеш тоа максимално го искористи. Во последните десет минути Пролет влезе со негатива од 18-27, и тајм аут на тренерот Александар Јовиќ во намера нешто да се смени во играта на неговиот тим.

Но, се смени само резултатот, и тоа со „десетка“ во корист на кавадарчани (29-19). Знаеја домашнте дека се е завршено, а Пролет сакаше и успеа да го намали резултатот, па „стопи“ три гола, намалувајќи на 29-23 на 200 секунди до крај на мечот. Тоа им беше единствено што можеа да сторат.

Пролет сепак успеа да ја прeполови та разлика, па од десет да дојде на само четири негатива, за крајни 29-25.
Срѓан Мијатовиќ остигна 8 гола кај Тиквеш, а пет даде Мартин Манасков. Во тимот на Пролет по четити гола постигнаа Ласко Андоновски, Александар Василевски и Христијан Петковски.

Во последното коло Пролет е домаќин на Струга, а Тиквеш гостува кај Охрид.

ТАБЕЛА



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ