Во продажба билети за ЕП 2024 – гледајте три натпревари на Македонија за 50 евра!

Женската репрезентација на Македонија ќе игра против домаќинот Унгарија, Шведска и дебитантот Турција на Европското првенство кон крајот на годинава.

Организаторот веќе ги пушти во продажба билетите за натпреварите од групната и главната рунда.

Македонија ќе игра во „Феникс Арена“ во Дебрецин, а доколку обезбеди место во главната рунда исто така продолжува во овој унгарски град.

Засега во продажба се само групни билети за сите три дена – 28 и 30 ноември, како и 2 декември.

Во зависност од местата на седење во салата, најефтините билети се околу 50 евра (три дена, шест натпревари), а има и од 60, 75 и 90 евра.

Дополнително ќе бидат пуштени во продажба и дневните билети.

Македонија ќе игра во Дебрецин – еве кои се ривалите на ЕП 2024!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

How Ukraine Is Weakening Russia’s War Machine

Over the past several months, Ukrainian drones have penetrated...

Како јас ја разбирам „Македонија твоја“!? – Denesen.mk

Јованка КЕПЕСКА Македонија твоја ја разбирам како слободно дејствување и...

Македонецот не може да го поднесе погледот на секој што го прави немакедонец! – Denesen.mk

Бранко САРКАЊАЦ Сликајќи го портретот на граѓанинот на FYROM јас...