Во векот на информатиката, кај нас студентите – информатичари простор за студирање немаат

Во 21-ви век кога информатиката царува на секое поле низ светот, во Македонија студентите од оваа област немаат доволно простор за учење. Затоа и денеска имаше протест.

-ФИНКИ нема зграда, трчаме до Влада, извикуваа студентите од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство пред Владата каде што стигнаа со протестен маратон што почна во Градскиот парк. Ова е втор протест на кој се  актуализира просторниот проблем на овој важен факултет.

На протестот беше и деканот кој истакна дека со вакви активности ќе продолжат и во наредните недели за, како што рече, да ја поткренат свеста на државата за проблемот со кој ФИНКИ се соочува веќе 13 години. На факултетот сега студираат околу пет и пол илјади студенти кои следат настава на неколку други факултети од техничкиот кампус во општина Карпош.

Познато е, трајно решение за ФИНКИ е новиот објект во близина на Ректоратот на Скопскиот универзитет, чија изградба веќе седум години е во застој поради стечај на фирмата изведувач. До тогаш бараат привремен простор и очекуваат да им бидат отстапени просториите на Бирото за развој на образованието (БРО).

Во спротивно, студентите и професорите ќе ги продолжат протестите зашто сметаат дека може да се најде решение за нивниот проблем и следната локација за протест веројатно ќе биде пред Министерството за образование и наука. Но, штрајк нема да има оти не сакаат да се наштети на студирањето.

Да се надеваме дека Владата и ресорното министерство брзо ќе најдат решение за проблемот оти не е доволно за развој на Македонија да имаш формирано факултети, а тие да немаат услови за работа.

Целиот текст можете да го прочитате а skopskoeho.mk

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ВМРО-ДПМНЕ И НАРОДОТ – ИСТА АГРЕГАТНА СОСТОЈБА

Ламбе Арнаудов  Ете, тоа е клучот на најголемата и сигурно...

Металург РА лесно се справи со Шампион

Тимот на Металург РА во натпревар од 11....

Вардарки без многу напор до убедлив триумф над Спартак

Во натпревар на кој беа постигнати 81 гол,...

Радовиш ја продолжува трката за суперлигашки бараж

Ракометарите на Радовиш на гостувањето кај Македонија ЃП...