За високите цени на становите во Скопје…

Цените на становите во Скопје стасуваат до нови рекорди. Квадрат во одредени делови од градот каков што е центарот, населбата Дебар Маало, Тафталиџе веќе се продава по над 2.000…

Но, и цените на станбениот простор во неколку други скопски населби не заостануваат. Зависно од оддалеченоста од центарот и тие се високи – 1.400, 1.600 евра…

Колку е ова оправдано?

Вакво прашање си поставуваат скопјани, тие наведуваат повеќе нејаснотии и за нив нелогичности.

-Покачувањата се дури до 70 проценти. Што толку поскапе за да становите отидат до небо?, прашува една скопјанка.

-Купуваат некои кои имаат пари и по 3-4 стана. Но нема веќе кому да ги издаваат, нема население. Затоа чекам и не купувам, мора цените да паднат. Мене еден стан ми треба за живеачка и не можам да скрпам за толку високи цени, ни потенцира еден граѓанин.

-Станови има дури и повеќе отколку што е побарувачката, но цените не се намалуваат!? Сите нешто чекаат и калкулираат и цените ги ѕидаат, вели друг наш сограѓанин.

А како е во некои други држави?

Српскиот неделник „Време“ деновиве објави статија во која, повикувајќи се на специјализирани агенции, наведува дека во Србија продажбата на станбени недвижности опаднала за цели 30 проценти.

-Инвеститорите не сакаат да ги намалувата високите цени. Купувачите пак не сакаат сега да купуваат по висока цена и чекаат тие да опаднат, а постојано се намалува бројот на купувачи на кредит оти се зголемени каматите, а и орочувањето на парите станува поисплатливо отколку да се инвестира во недвижност, наведува овој весник во анализата.

Во Германија, пак, како што пренесоа тамошни медиуми на почетокот на годинава цените на станбениот простор опаднале за 6,8 отсто.

Инаку, во Македонија поскапувањата на станбениот квадрат почнаа да галопираат од крајот на 2021 и во текот на 2022 година. Сето тоа во ситуација кога државата ни од далеку не е земја меѓу првите 50 во светот по висок стандард, ниту пак по атрактивност на локација, ниту другите цени толку многу скокаа, ниту се покачија даноците толку многу, ниту пак имаме демографски бум…

Прогнозите на упатените во бизнисот со становите кажуваат дека цените ќе се стабилизираат.

-Цените на градежните материјали не се единствените фактори кои влијаат на секторот. Постојат и други фактори кои влијаат како што се: мораториумот на издавање на градежни дозволи во некои клучни области од градот, зголемувањето на цената на градежното земјиште и растот на минималната и просечната плата во високоградбата. Очекувам, сепак, дека во овој период цените на становите ќе се стабилизираат, изјави неодамна Андреа Серафимовски, претседателот на Здружението за градежништво, индустријата на градежните материјали и неметалите при Стопанска комора на Македонија.

Но, дилемата е дали тие фактори се реално оправдување за толкав пораст на цените на становите во Скопје. Излегува дека кај нас еднаш зголемената цена никогаш значително не се враќа надолу. Таква ли е праксата во светот? 

Текстот е превземен од skopskoeho.mk

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ловќен и Будуќност остануваат доминантни во Црна Гора

По освоениот национален шампионат, ракометарите на Ловќен го...

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – ЖЕНИ (АНКЕТА)

Втора сезона по ред редакцијата на 24Ракомет, единствениот...