131 година од смртта на македонскиот великан Григор Прличев

На денешен ден во 1893 година во Охрид починал Григор Прличев, еден од темелните македонски писатели од 19 век. Меѓу најпознатите негови остварувања се поемите „Сердарот“, „Скендербег“ и „Хилјада и седемстотин шестдесет и второ лето“, како и познатото дело „Автобиографија“.

Со поемата „Сердарот“, која ја напишал во своите студентски години и за која на поетски конкурс во Атина добил Ловоров венец, историски ја верификувал големината на својот поетски талнет. Ова поетско дело и до денешен ден според многу елементи на епското пеење се уште не е надминато.

Прличев е роден во Охрид, на 18 јануари 1830 година во семејство од кое излегле повеќе македонски дејци и револуционери. Според Македонската енциклопедија, тој е писател кому Македонија му е и љубов и судба и болка и очај и неопходност и тага и лулка и гроб.

Прличев по пензионирањето во 1890 година, последните свои денови ги поминува во Охрид каде умира во 1893 година.


Post Views:
17

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

„Дежа ви“ за Хамбург – некогашниот европски првак пред банкрот!

Некогашниот европски шампион Хамбург се соочува со големи...

Германки и Турци за Македонија и Фарски Острови

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за...

Знаеш ли кој сум јас?!

Васко Шутаров Ѓурѓовден е! Надвор е пролет – живи сме!Живо...

Фараните се плашат од навивачите: Македонците прават најдобра атмосфера во светот!

Пред машката репрезентација на Македонија стои уште еден...