Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the td-cloud-library domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/kolumni/public_html/wp-includes/functions.php on line 6131
Владиката Петар: Вселенската патријаршија бара да не се именуваме никаде дека сме Македонска православна црква | KOLUMNI.mk

Владиката Петар: Вселенската патријаршија бара да не се именуваме никаде дека сме Македонска православна црква

Прашањето на Томосот за автокефалност и натаму ја опотоварува Македонска православна црква – Охридска Архиепископија. Кај многумина е дилемата дали е доволен Томосот добиен од Српската православна црква или е полноважен оној што се очекува да се издаде од страна на Вселенската патријаршија.

Додека траат таквите расправи, се чини дека процесот на добивањето на Томосот од Вселенската патријаршија станува се покомплициран. Причина за тоа се условувањата кои што Вселенската патријаршија ги поставува пред МПЦ – ОА. За тоа се зборуваше во кулоарите, а синоќа го потврди и Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар во интервју за ТВ Телма. Според владиката, условувањата се однесуваат на прашањето на употребата на името на Македонска православна црква – ОА, односно, ставот на Вселенската патријаршија дека тоа име не може да се користи ниту за внатрешна употреба во Македонија.

– Вселенската патријаршија бара ерга омнес за името на МПЦ-ОА и никаква изведба на името Македонија, македонска, бара да се самооткажеме од името Македонија, македонска. Нас не не интересира како некој ќе не нарекува и како некој ќе ни дава пусулче  што сме и како сме. Нас не интересира дали некој нам ни забранува да се именуваме како Македонска православна црква- Охридска Архиепископија Јустинијана Прима. Ако некој ми забранува тоа, мене од него не ми треба ништо. Ни томос, ни ова, ни она, ништо. А ако некој не ми го забранува тоа, а сака да не именува како Охридска Архиепископија, како Јустинијана Прима или како Македонска црква тоа е негово право. Од нас се бара, конкретно од Цариградската патријаршија ние да не се именуваме никаде и да не кажуваме дека сме Македонска православна црква, потенцира владиката Петар.

Според него, СПЦ ни дала Томос со кој ни ја признала целосната автокефалност и не признала под полното име, а дека само препорачала проблемот со името да се решава во дијалогот со другите цркви кои имаат проблем со тоа. Тој воедно и потсети дека токму Вариградската патријатшија ја упатила МПЦ-ОА да бара томос од СПЦ.

Во однос на стравувањата дека Цариградската патријаршија ќе бара да управува со македонските епархии во странство митрополитот Петар е категоричен на дека никој не може да ги одземе епархиите од МПЦ-ОА.

-Дијаспората и припаѓа на секоја помесна православна црква која има дијспора. Ние самите сме си ја создале дијаспората. Не ни ја создаде Цариградската патријаршија па да ни ја бара. Тоа прашање е јасно и конкретно. СПЦ и сите други цркви не ни ја оспоруваат дијаспората. Ние дијаспората никому не треба да да ја даваме оти е наша. Зошто не ја земаа дијаспората на СПЦ, на Руската, на Антиохиската црква, на Бугарската, Романската црква…, наведува митрополитот Петар.

Митрополитот посочи дека во последно време има поделба во светското православие и дека МПЦ-ОА треба да биде мост на обединување на партијаршиите во Цариград и Москва.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Njonjo, opasniji su oni koji brane kršćanstvo, nego mi koji ga “napadamo”

UZVRPOLJIO se naš predsjednik Sabora...

Пишува м-р Јанко Билбилоски: Професионалната ориентација и изборот на идна професија во современите услови на живеење

Професионалната ориентација претставува комплексен и долгорочен процес кој има...

Први мај – синтеза на глобалниот социјализам и македонскиот револуционерен дух – Denesen.mk

Д-р Мимоза РАЈЛ Синтеза на глобалниот социјализам и македонскиот револуционерен...

Trumpizam je postao samoubojstvo iz zasjede. Sprema mu se debakl

DOK SVET otaljava još jedan...