Владата му врати на Мицотакис: Дали Вие го почитувате Договорот од Преспа?

-Во целост ги отфрламе наводите за наводно кршење на Договорот од Преспа од страна на клучните политички личности во државата, и преземените обврски согласно Уставот, се вели во реакцијата на Владата по ставот на грчкиот премиер Мицотакис кој во Брисел се жалеше на употребата на името Македонија

„Истакнуваме дека државата продолжува да ги почитува превземените обврски од Договорот од Преспа во сите негови аспекти, вклучувајќи го тука и употребата на името “Македонија”, како и името “Северна Македонија” во соодветни формати и прилики утврдени со Договорот и Уставот на државата.

Нагласуваме дека преземените обврски се двонасочна улица и воедно треба да се земат во предвид и обврските кои ги има соседна Грција, а кои не се исполнети.

Исто така, сакаме да нагласиме дека процесот на европски интеграции продолжува да биде наш важен приоритет. Ние сме уверени дека нашиот напредок и придонес кон регионалната стабилност и безбедност, како и нашата посветеност на реформите, ќе бидат правилно оценети и вреднувани од страна на Европската унија.“ – се вели во реакцијата на Владата.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Our Research Shows Russia Wants to Restart this Warzone Nuclear Power Plant

In recent months, the Russian nuclear industry, which is...

МВР со апел: Има лажни покани во врска со наводна тековна истрага- НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека до...

Две жени влегоа во лондонски клуб резервиран за мажи

Актерките Џуди Денч и Шан Филипс ќе станат првите...