Општините да ги спремат проектите, ќе добијат 250 милиони евра, најави Перински

-Општините да спремат проекти, ќе добијат 250 милиони евра. Ставаме 250 милиоми евра на располагање на локалните самоуправи, кои понатаму треба да ги ефектуираат во проекти кои што ќе бидат од капитално и инфраструктурно значење за да го поттикнат и подобрат животот на граѓаните во нивните населени места, кажа Златко Перински, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ и министер за локална самоуправа во владата во вечерашното гостување на Сител телевизија.

Тој рече дека Владата точно ја дефинирала методологијата како ќе се распределуваат средствата, потенцирајќи дека ребалансот на буџетот ќе заврши на крајот на месец јули, по што Министерството ќе отвори јавен повик за општините да можат да учествуваат со предлог проекти на истиот.

-Во оваа прилика ќе ги повикам и сите градоначалници да си ја дозавршат својата домашна задача, да ги дозавршат своите проекти, доколку се недовршени, за да можат да учествуваат на јавниот повик, кој што го планираме некаде отприлика да се случи во септември, рече тој и додаде дека овие пари ќе се доделуваат на годишно ниво и за 5 до 6 месеци од сега општините ќе имаат повторно можност да аплицираат за нови средства, преку нови проекти.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Договорите (сепак) се раскинуваат госпоѓо Агелер – Denesen.mk

Страшо АНГЕЛОВСКИ (Наместо честитка за 4-ти Јули) Почитувана госпоѓо Агелер, почекав...

Македонците од Бугарија реагираат на изјавата на Радев

Заедниците на Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на...

Тошковски ветува дека камерите низ улиците за брзо ќе проработат

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски порача дека системот...

Цел на претходната власт била целосно разорување на државата

„Ова е 10-ти ден од формирање на Владата каде...