Машката кадетска репрезентација на Македонија со пораз ја отвори главната фаза на Светското првенство во Хрватска. Нашите надежи во дуелот со Данска немаа сила за сензација и беа поразени со седум гола разлика, 37:30. Во одлично издание против скандинавската репрезентација се покажа Давид Димевски, кој натпреварот го заврши со шест погодоци. Димевски истакна дека грешките и неискуството си го направиле своето на дуелот со данската репрезентација. Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот..