епрезентациите на Данска и Норвешка се патниците во четвртфиналето на Светското првенство од третата група, откако во денешните дуели славеа против Македонија, односно Австрија.
Како што е познато, данската репрезентација ја совлада Македонија со 37:30, а Норвешка немаше поголеми проблеми против Австрија, триумфираше со 29:22.
Двете скандинавски репрезентации, кои во главната фаза стартуваа со два бода, сега на свое конто имаат по 4 бода, додека Македонија и Австрија и понатаму се без бодови.
Избраниците на Раде Стојановиќ утре токму против Австрија ќе ја бркаат втората победа на кадетскиот Мундијал во Хрватска.
Македонија со евентуална победа над Австрија ќе заврши на 3. позиција во групата и ќе разигрува за пласман од 9 до 12 место.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!
Кадетите беа немоќни против брзата Данска