Пет репрезентации обезбедија четвртфинале – Фарски Острови го шокираа светскиот шампион!

По одиграното прво коло од главната фаза на Светското првенство во Хрватска, познати се пет патници во четвртфиналето.

Место во ТОП 8 обезбедија репрезентациите на Хрватска, Египет, Шпанија, Данска и Норвешка.

За преостанатите три места, во игра ѐ и репрезентацијата на Фарски Острови, која на стартот од главната фаза ја шокираше Германија со 30:28.

Шампионот од Светското младинско првенство беше немоќен против островската земја. Предводник на Фарски Острови во уште една сензационална победа, по онаа против Шведска од првата фаза, повторно беше Оли Митун.

Новиот играч на ПИК Сегед за следното лето во мрежата на Германија постигна 13 погодоци и кон своите колеги имаше неколку асистенции.

Германија утре игра против Иран и со победа ќе обезбеди четвртфинале, додека ракометарите на Фарски Острови за ривал ја имаат Саудиска Арабија.

Светско кадтско првенство, 1. коло – главна фаза, резултати:

Група А

УНГАРИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 29:31 (16:11)

ХРВАТСКА – СЛОВЕНИЈА 32:25 (13:11)

Група Б

ЕГИПЕТ – БРАЗИЛ 38:23 (19:10)

ШПАНИЈА – ЧЕШКА 29:21 (14:10)

Група Ц

ДАНСКА – МАКЕДОНИЈА 37:30 (18:12)

НОРВЕШКА – АВСТРИЈА 29:22 (14:10)

Група Д

ГЕРМАНИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ 28:30 (10:12)

ИРАН – САУДИСКА АРАБИЈА 26:29 (14:10)

Кадетите беа немоќни против брзата Данска

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

„Забавно е да се игра во Битола“

Голманот на Вардар, Мартин Томовски никогаш во својата...

Кадетското злато остана во Автокоманда

Домаќинот на кадетскиот турнир од Ф4, не залудно...

Младост ја продолжува борбата за второто место во прволигашкиот плеј-оф

Тимот на Младост Богданци пред својата публика не...

Радовиш чекор поблиску до суперлигашки бараж

Екипата на Радовиш пред својата публика одигра според...