ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија по трета победа на СП, ривал е Австрија!

Кадетите на Македонија денес на Светското првенство во Хрватска ќе ја бркаат втората победа.

Последен ривал на избраниците на Раде Стојановиќ во главната рунда ќе биде репрезентацијата на Австрија.

Дуелот меѓу Македонија и Австрија ќе одлучи која од двете репрезентации ќе заврши на 3. позиција во групата Ц.

Македонија доколку ја победи Австрија, тогаш ќе разигрува за пласман од 9 до 12 место на кадетскиот Мундијал.

По завршувањето на денешните дуели ќе бидат познати преостанатите три патници во четвртфиналето.

Пласман во ТОП 8 на Светското првенство обезбедија репрезентациите на Хрватска, Египет, Шпанија, Данска и Норвешка.

Македонските кадетки, кои на Европското првенство во Црна Гора, групната фаза ја завршија со три убедливи порази, ќе бидат дел од разигрувањето за пласман од 9 до 16 место.

Ривали ќе бидат селекциите на Норвешка и Португалија, кои се пласираа на третото и четвртото место од групата Ц.

Избраничките на Кристијан Грчевски денес со почеток од 13:30 часот ќе играат против Норвешка.

Распоред на денешните натпревари на Светското кадетско првенство:

13:00 САД – БУРУНДИ

13:30 ЈАПОНИЈА – ЈУЖНА КОРЕЈА

13:30 МЕКСИКО – ГРУЗИЈА

13:30 РУАНДА – НОВ ЗЕЛАНД

15:00 АРГЕНТИНА – ШВЕДСКА

15:30 АЛЖИР – МАРОКО

15:30 ЧИЛЕ – ЦРНА ГОРА

15:30 ИСЛАНД – БАХРЕИН

17:00 САУДИСКА АРАБИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ

17:30 АВСТРИЈА – МАКЕДОНИЈА

17:30 ЧЕШКА – БРАЗИЛ

17:30 ПОРТУГАЛИЈА – СЛОВЕНИЈА

19:00 ГЕРМАНИЈА – ИРАН

19:30 ДАНСКА – НОРВЕШКА

19:30 ЕГИПЕТ – ШПАНИЈА

19:30 ХРВАТСКА – УНГАРИЈА

Распоред на денешните натпревари на Европското кадетско првенство:

13:30 МАКЕДОНИЈА – НОРВЕШКА

13:30 ШВЕДСКА – ЧЕШКА

15:45 РОМАНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА

15:45 ШВАЈЦАРИЈА – ИСЛАНД

18:00 ХРВАТСКА – ЦРНА ГОРА

18:00 УНГАРИЈА – ДАНСКА

20:15 ФРАНЦИЈА – ХОЛАНДИЈА

22:15 СРБИЈА – ГЕРМАНИЈА

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ѓорѓески: Со максимален ангажман од сите играчи можеме до победа против Вардар

После тринеделната пауза поради репрезентативните обврски и завршницата...

Николов и Начевски со голем предизвик – ќе судат дуели за титула во Саудиска Арабија!

Македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски пред...

Колумна: Мицкоски Versus Мицотакис – OhridNews

Абре таман сиромајот се фати на орото одма се...

Металург Автокоманда ја задржа перспективната Беровиќ

Share Левиот бек Таида Беровиќ и во следната сезона...