Филмот за Бигорскиот манастир „1000 години сведок на светлината“ со три номинации на фестивалот „Byzanfest“

Јубилејниот филм за Бигорскиот манастир „1000 години сведок на светлината“ е со три номинации во три категории на православниот фестивал за филмска уметност „Byzanfest“.

Со особена радост ја примивме веста дека во рамките на православниот фестивал за филмска уметност „Byzanfest“, јубилејниот филм за Бигорскиот манастир „1000 години сведок на светлината“ беше номиниран во три категории: најдобар документарен филм, најдобар кинематографер и најдобар режисер, изјави сестра Ефимија за МИА.

Додаде дека за првпат во македонската кинематографија независен филмски проект бележи ваков меѓународен успех.

Интересно е и тоа што режисерот на овој документарен филм, Илија Ико Каров, е номиниран во една од главните номинации „најдобар режисер“, заедно со режисерите од програмата на играните филмови.

Инаку, според програмата на „Byzanfest 2022“, кој ќе трае од 27 октомври до 6 ноември во Мелбурн, Австралија, проекцијата на филмот „1000 години сведок на светлината“ е предвидена за 4 ноември.


Post Views:
114

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Вардарецот Родригез ќе се бори за СП 2025

Покрај македонските и српските репрезентативци од редовите на...

„Дежа ви“ за Хамбург – некогашниот европски првак пред банкрот!

Некогашниот европски шампион Хамбург се соочува со големи...

Германки и Турци за Македонија и Фарски Острови

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за...

Знаеш ли кој сум јас?!

Васко Шутаров Ѓурѓовден е! Надвор е пролет – живи сме!Живо...