А да ги прати ЕУ, Грција и Бугарија по бурек?

Вадејќи ја од фасциклите од пред пет години, реториката на уцени со вето за македонските евроинтеграции, Мицотакис воопшто не зема предвид дека колку и да е асиметричен овој договор во интерес на Грција, сепак макар во минимална мера треба да биде испочитуван принципот на реципроцитет. Тој „минимум реципроцитет“ за Грција е ратификација на три меморандуми што произлегуваат од Преспанскиот договор (еден е токму за поддршка на македонските евроинтеграции), но грчкиот премиер отворено кажува дека нема да влезат во грчкиот парламент сѐ додека во Македонија народот и јазикот се нарекуваат – македонски! (?!)

Наместо на кафе, како што беше испратен унгарскиот премиер Орбан, кога во ЕУ консензуално се одлучуваше за почеток на преговори со Украина, можеби е време грчкиот премиер Мицотакис и бугарскиот претседател Радев да бидат пратени по бурек во Брисел, кога ќе стане збор за евроинтеграциите на Македонија. Всушност, не треба овие двајца лидери на ЕУ-членки од балканска провениенција да бидат пратени „по бурек“ за да ѝ се прогледа на Македонија низ прсти за некакво неисполнување на Копенхашките критериуми, туку поради каприциозните толкувања на билатералните договори, кои иако се правени по нивна мера и желби, сега бараат апсолутни привилегии: тие да немаат никакви обврски, а Македонија да исполнува сѐ што е напишано во нив и сѐ што дополнително ќе им текне во Грција и во Бугарија. Сега слушаме сѐ повеќе дека Брисел „го јаде туѓ срам“. Тој многу добро знае дека Софија и Атина веќе бараат преку леб – погача.
Откако никогаш по потпишувањето на наводно билатералниот Преспански договор Грција не покажа намера ниту да ги смени сообраќајните табли пред границата со Македонија, на кои соседната земја нема да ја означува како „Скопиа“, грчкиот премиер Мицотакис веќе десетина дена речиси секој ден не пропушта да се повикува на оваа спогодба. Одеднаш Спогодбата од Нивици (Преспа) се претвори во погоден инструмент на грчкиот премиер за несуптилни и неосновани закани спрема Македонија – дека „патот кон Европа и напредокот поминуваат и низ нашата земја (Грција) и тука може да застанат“. Вадејќи ја од фасциклите од пред пет години, реториката на уцени со вето за македонските евроинтеграции, Мицотакис воопшто не зема предвид дека колку и да е асиметричен овој договор во интерес на Грција, сепак макар во минимална мера треба да биде испочитуван принципот на реципроцитет.

Тој „минимум реципроцитет“ за Грција е ратификација на три меморандуми што произлегуваат од Преспанскиот договор (еден е токму за поддршка на македонските евроинтеграции), но грчкиот премиер отворено кажува дека нема да влезат во грчкиот парламент сѐ додека во Македонија народот и јазикот се нарекуваат – македонски! И признава дека поради тоа, Грција нема да го спроведува Преспанскиот договор, но Македонија мора „засекогаш и секаде“ да се претставува со географската одредница, да ги промени своето идентитетско именување, историја, јазик – да го избрише своето постоење низ времето и просторот. Според сфаќањето на грчките политичари (веројатно и пошироко во Грција) е дека суштината на Преспанскиот договор е со политички инженеринг да се креира нов (и тој привремен) „северномакедонски“ идентитет, кој понатаму ќе се расчленува и деградира низ процесот на евроинтеграциите. Дури и дебатата меѓу политичките опоненти во Грција (со СИРИЗА и потписникот Коѕијас) околу (не)спроведувањето на билатералната спогодба со Македонија е на линијата дали тој доволно го поништува македонскиот идентитет.
Со оглед дека Преспанскиот договор беше „инспирација“ и за Бугарија да блокира и уценува на македонскиот пат кон ЕУ, активирајќи го исто така билатералниот Договор за добрососедство, воопшто не изненади што на грчките „потсетувања“ дека „патот на соседната земја до ЕУ води низ нивната земја“ се придружи и бугарскиот претседател Румен Радев. Да не „остане покусо“ и Радев порача дека и низ неговата земја поминувал патот на Македонија до ЕУ.

Без разлика дали се синхронизиран или со „спонтана придружба“, заеднички искажаните опструктивни намери на Грција и на Бугарија спрема евроинтеграциите на Македонија треба да ѝ дадат појасна перспектива на ЕУ (ако досега не ѝ беше јасно) за некоректното и неразумно уценувачко „аргументирање“ на нејзините земји членки за придржувањето и почитувањето до билатералните договори. Грција бара од Македонија строго придржување до Преспанскиот договор, а нејзините политичари отворено кажуваат дека за нив „не важи“. Бугарија бара за почеток да се признае и внесе во македонскиот устав „бугарско малцинство“, но не ни помислува да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права, во кои е пресудено да им се овозможи право на здружување на претставниците на македонското малцинство во таа земја. Дури цинично се „извлекува“ дека бугарскиот устав бил „граѓански и не признавал малцинства“.
Здруженото дејствување на Бугарија и на Грција во целосно поигрување и прекршување на асиметричните билатерални договори со Македонија (кои и така се во нивна корист) го изигрува и дерогира принципот на реципроцитет и еднаков суверенитет во меѓународното право, истовремено потсмевајќи се и компромитирајќи ги базичните принципи и вредности на Унијата. Новата (а можеби и делумно стара) бриселска администрација што ќе се создава по изборите во ЕУ на 9 јуни треба посериозно да се зафати со решавање на проблемите што им се создаваат со консензуалното одлучување, а воспоставениот преседан со испраќање на лидерите на кафе, како преодно решение, да го прошири и со „праќање по бурек“!

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Трикратниот освојувач на ЛШ ќе игра и на 37 години

Поранешниот репрезентативец на Германија, Тобијас Рајхман, ова лето...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николов и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку изминатата сезона одлучи...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николив и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку сезона одлучи правдата...

Колку заработија екипите што играа во ЛШ?

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во изминатата сезона подели...