„Ако Нексе не смее да биде првак – нека му кажат, а не да го оштетуваат на секој меч“

Иако на почетокот на оваа сезона формираше ростер со кој сакаше да биде конкурентен на Загреб, сепак се чини дека Нексе годинава е инфериорен.

Натпреварот меѓу Нексе и Загреб што се играше во Нашице, и инцидентот кој се случи таму, се уште е во центарот на вниманието, дури и кај политичарите.

Министерот за одбрана на Хрватска, Иван Анушиќ, имаше свој коментар за случувањата вво Нашице.

„Ако Нексе не смее да биде шампион, тогаш тоа треба да му се каже, а не да го оштетуваат на секој натпревар, и тоа да го гледаат играчите, навивачите и децата кои посакуваат еден ден да станат нов Балиќ, нов Метличиќ…На дерби натпреварите треба да судат странци бидејќи ова не е првпат, туку еден од низа случаите во кои Нексе беше оштетен, тоа го покажува статистиката“, вели Анушиќ.

Нексе многу веројатно ќе ја заврши групната фаза од плеј-офот на второто место, а потоа ќе го чека финална серија против Загреб.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Натуршчици – Република

Васко Шутаров Во филмската уметност Американците се неспорни кралеви, па...