И во Муртино им се намуртија, но тие продолжија со арогантна кампања


Колумна на Никола Тасев:

 Вчера бев во Струмица, кај пријатели, кај луѓе што многу, многу не ги интересира политика. Но некако, такво е времето – изборно, па покрај сите други муабети, не издржав да прашам како се случи СДСМ да изгуби и тука, кај што се форсираше дека е бастионот на Заев и СДСМ? Не се мислеа многу, ми кажаа дека се знаело тоа уште лани, се очекувал поразот на владеачката партија во градот, ама за селата, особено оние околу Муртино и ним им беше чудно. „Таму се даваше и наддаваше и пак народот гласаше против нив“, коментираа, малку со чудење, малку со потсмев, моите пријатели.

Е драги мои, прокоментирав јас – не е секогаш само во давањето, за народот е многу поважно дали некој му зема. Оти колку и да дала власта таму, многу повеќе им земала. На Муртино, на Струмица и на цела Македонија и ја зема иднината. Во последните 4 години власта напорно работеше на народот да му го одземе и минатото, историјата, традицијата, слободата, гордоста… а и државниот буџет не го штедеа…

Не е давање ако ја зголемиш платата, пензијата, социјалната помош за 20-30 %, а од друга страна не успееш да се справиш со висока инфлација која цените во продавниците ќе ги зголеми за 200-300 %. Не е давање ако поделиш субвенција за електрична енергија, а во сметките за струја ставиш „мал милион“ додатоци како обврска на граѓаните. Не е давање ако направиш некое селско патче, а нема магистрални патишта, за кои само ветуваа. Не е давање иднина да им ветиш „датум“ за во ЕУ, а всушност на народот да му го одземеш и заблокираш главниот автопат што води кон Брисел, кон ЕУ, заради евидентна неспособност и потреба да се допаднеш на странски дипломати.

Народот има добар калкулатор. Знае да пресмета прецизно што СДСМ му даде, а што му зема.

Плус народот сака да е уважуван и да му се слушне и гласот. Токму тоа, во овие години, власта му го одзема. Така беше и со референдумот за името, така беше и со францускиот предлог за промена на Уставот, така е и со многу други случаи… Народот јасно велеше НЕ, власта се правеше дека слуша ДА и го игнорираше мислењето на граѓаните!

Власта на граѓаните, па и на оние во Муртино, им го одзема и правото за слободно движење. Не го заборавивме проблемот со новите пасоши и 700.000 Македонци што подолг период останаа во државен притвор.

И по овие пораки од „нивното“ Муртино, во СДСМ не видоа колку е саатот и уште еднаш на дело да ја гледаме целата нивна ароганција. Во средата вечерта по добивањето на резултатите од првиот изборен круг и во четвртокот некаде до пладне беа со смркнати фаци и демек изненадени од големиот потоп што им се случи. Од петокот веќе истата песма: тие се најдобри, народот само нив ги сака, најголема партија се, само тие го знаат решението за Македонија, ќе победеле на 8 мај, па дури и арогантно бараат од народот да размислел добро дека за нив треба да гласа…

Е не е така! Народот друга порака напиша во гласачките кутии на 24 април.

Но како што си ветивме со моите пријатели од Струмица, истиве ликови на СДСМ ќе мора да ги истрпиме само уште десетина дена, па голем дел од нив ќе заминат во политичка пензија. И таму на нивните седенки нека се потсетуваат, нека евоцираат спомени како биле најдобри, ама народот тоа не го сфатил.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Портнер би можел да заработи четиригодишна суспензија

Репрезентативецот на Швајцарија и член на Магдебург, Никола...

Келце го задржа талентираниот Валах на уште две сезони

Полскиот гигант Келце и 22-годишниот голман Милош Валах...

И Грците побараа вајлд-карта за настап на Мундијалот 2025

Ракометната федерација на нашиот јужен сосед официјално се...

Матиќ ја напушта Металопластика, се враќа во Унгарија!?

Екипата на Металопластика, која беше еден од учесниците...