Андраде: Заедништвото многу ни помогна – главната цел е опстанок!

Бразилецот Ерик Андраде е еден од петте странски играчи во тимот на Прилеп, кој е на добар пат да обезбеди опстанок во суперлигашката конкуренција.

Во Македонија пристигна во текот на месец јануари, не му требаше многу време да се прилагоди во новата средина и веднаш се вклопи во системот на Божидар Мојсов.

Во интервју за 24Ракомет зборуваше за неговото доаѓање во Прилеп, адаптацијата, македонскиот шампионат, настапот во Супер лигата…

,,Дојдов во Европа да играм за клуб од Грција, таму останав околу два месеци, одиграв три натпревари, но тој клуб минуваше низ финансиски проблеми, а мојот менаџер сметаше дека е најдобро да заминам на друго место, па дури постоеше и опција да се вратам во Бразил. Во меѓувреме стигна покана од Прилеп, најпрво бев на пробен период, потоа дојде до взаемна соработка. Прилеп е град во кој навистина уживам да живеам, убав, мал, тивок. Сè уште немав многу време, односно можност да ја истражам Македонија, но многу сакам да го посетам Скопје, тој град изгледа неверојатно и секако, посакувам да го видам Охридското езеро”.

Левиот бек е импресионирам од популарноста на ракометот во нашата држава.

,,Мислам дека условите овде се малку подобри поради големото вложување во спортот. Поголемиот број од тимовите во Бразил зависат од градскиот буџет. Сепак, во Бразил работат добри тренери и има добри спортисти. Овде во Прилеп салата е секогаш исполнета до последно место и публиката е нашиот осми играч. Имав прилика да гледам ракометен натпревар во Кавадарци и бев импресиониран од бројот на посетители во салата. Во Бразил е многу поразлично, натпреварите најчесто ги посетуваат семејствата и пријателите на спортистите. Кога се возев со такси во Прилеп, на таксистот му кажав дека сум Бразилец, а тој со големо задоволство зборуваше за Рожерио Мораеш (поранешен ракометар на Вардар)”.

Младиот Бразилец знае многу за македонскиот ракомет, ги следел настапите на Македонија на Европските и Светските првенства, како и клупските настапи на Вардар и Еурофарм Пелистер.

,,Ја следев репрезентацијата на Македонија на сите големи натпреварувања, знам за легендата Кире Лазаров, потоа за двократниот европски шампион Вардар и тимот на Еурофарм Пелистер поради нивните настапи во Европа, но не знаев многу за македонскиот шампионат. Има многу силни клубови, силни играчи, лигата овде бара голема физичка подготвеност, не знам како е на другите држави на Балканот, но во Македонија ракометот е на високо ниво”.

На нашето прашање која му е омилена македонската храна кратко одговори:

,,Бурек со јогурт, но посакувам да пробам повеќе работи”.

Тој смета дека неговото доаѓање во Македонија ќе биде голем поттик за неговите сонародници некогаш да се испробаат во нашето првенство.

,,Обично бразилските играчи кариерата ја започнуваат во Португалија или Шпанија, поради сличниот јазик и култура, но јас ја гледам Македонија како добро место за почеток и се надевам дека ќе ги отворам вратите за другите играчи од мојата татковина да го следат мојот пример”.

По девет одиграни кола во плеј-аут фазата, тимот на Прилеп е лидер на табелата со 24 бодови. Според Андраде, тимскиот дух во екипата е еден од главните фактори за одличните резултати во вториот дел од тековната сезона.

,,Во Прилеп многу ми се допаѓа тимската атмосфера, дружбата и заедништвото, овие работи многу ни помагаа на натпреварите, а за мене, што доаѓам од далечно место, тоа е многу важно. Имаме голема доверба во тимот што го имаме, голема доверба во упатствата на тренерот, на секој натпревар размислуваме за победа, но пред сѐ нашата главна цел е останување во Супер лигата”.

Доколку ја продолжи соработката со Прилеп, или пак остане во Македонија, посакува  повеќе да го научи македонскиот јазик.

,,На македонски јазик знам нешто основно, потоа бројки, зборчиња за тренинг и натпревари – лево, десно, одбрана, напад, но и лоши зборови (се смее). Доколку останам овде сакам повеќе да го научам јазикот. Кога имам слободно време гледам серии, подкасти, ракометни натпревари и има дружба со соиграчите”.

Прилеп до крај од плеј-аут фазата треба да игра уште со Мулти Есенс (гости), Куманово (дома), Вардар Неготино (гости) и Еурофарм Пелистер 2 (дома).

Избраниците на Мојсов утре ќе гостуваат во Автокоманда кај дебитантот во натпревар од 10. коло и со евентуална победа веќе ќе бидат на прагот до опстанок во елитата.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

How Ukraine Is Weakening Russia’s War Machine

Over the past several months, Ukrainian drones have penetrated...

Како јас ја разбирам „Македонија твоја“!? – Denesen.mk

Јованка КЕПЕСКА Македонија твоја ја разбирам како слободно дејствување и...

Македонецот не може да го поднесе погледот на секој што го прави немакедонец! – Denesen.mk

Бранко САРКАЊАЦ Сликајќи го портретот на граѓанинот на FYROM јас...