Како мачката со опашката – Нова Македонија

Не треба да се зачудуваме зошто во годишниот извештај на „Фридом хаус“ нашата држава (како што некој сака да ја нарекува Македонија) е етикетирана како „цикличен хибрид“, кој се карактеризира со комбинација на реален политички плурализам и површни институционални промени. А секојдневните недоследности (читај апсурди), сигурен сум дека нашите надлежни институции не ги прават со умисла, за на својата држава да ѝ „залепат“ негативни атрибути дека таа демократски стагнира и назадува, туку, народски кажано, тоа се прави од „немукает“ и недоволно ниво на посветеност и одговорност кон својата работа. Сенешто се прави како „мачката со опашката“ или како што покојниот професор Марјановиќ милуваше да каже: Сѐ се прави кај нас „со лесно“ (лесноумно, непромислено, неодговорно…)

Во демократските општества постојат одредени правила на игра, како што се јавните дебати или, пак, соочувањето на политичките опоненти. Но во македонската политичка реалност сѐ почесто сме сведоци дека кандидатите за носители на висока јавна функција одбиваат да се соочат на јавна дебата. Овој пат се појавува и уште нешто интересно како невообичаеност во македонската политичка реалност, а тоа е дека и покрај молкот за претседателските избори, кампањата за парламентарните избори ќе продолжи и во текот на 22 и 23 април. Оваа ситуација, Александар Даштевски, претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), покрај заслужениот епитетот „апсурдна“, ја нарече уникатна и единствена досега.
Доколку ја земеме предвид оваа реалност, но и реалноста дека помалите партии не го потпишаа Кодексот за фер и демократски парламентарни поради констатирани елементи на „неправедна распределба на средства од државниот буџет за изборен маркетинг“, не треба да се зачудуваме зошто во годишниот извештај на „Фридом хаус“ нашата држава (како што некој сака да ја нарекува Македонија) е етикетирана како „цикличен хибрид“, кој се карактеризира со комбинација на реален политички плурализам и површни институционални промени. А погоре споменатите недоследности, сигурен сум дека нашите надлежни институции не ги прават со умисла, за на својата држава да ѝ „залепат“ негативни атрибути дека демократски стагнира и назадува, туку, народски кажано, тоа се прави од „немукает“ и недоволно ниво на посветеност и одговорност кон својата работа. Сенешто се прави како „мачката со опашката“ или како што покојниот професор Марјановиќ милуваше да каже: Сѐ се прави кај нас „со лесно“ (или лесноумно, непромислено, неодговорно…)
Извештајот на „Фридом хаус“ изобилува со зборовите назадување во примената на принципот на владеење на правото и попуштила пред упорната корупција на високо ниво, а доколку тука ги додадеме и другите секојдневни недостатоци и непринципиелности (кои ниту веќе ги забележуваме, бидејќи ни се вообичаени), тогаш Македонија не само што е цикличен хибрид туку е, повторно народски кажано, „турлитава-општество“. Некој може да запраша зошто? Во ниедно демократско општество пропагандна кампања нема на денот на изборите, но овој пат на македонските парламентарни избори, граѓаните ќе бидат „бомбардирани“ од пропаганда (читај систематско ширење идеи, учења и ставови преку медиумите со цел да се влијае врз јавното мнение). Во секојдневниот живот, па и во политиката, понекогаш нештата треба да мируваат за да можат суштински да се апсорбираат, но не и на денот на македонските претседателски избори.

Тука сосема природно се наметнува прашањето, зошто не беше ставена платената пропаганда во мирување на денот на претседателските избори? На крајот на краиштата тоа можеше да се дополни подоцна со јавна дебата и соочување на кандидатите, меѓутоа најверојатно такво нешто на овие парламентарни избори нема да се случи!
Зошто постојано ја потенцираме потребата од јавните дебати и соочувањето на политичките опоненти? Дебатите се особено важни за личниот, но и за општествениот развој и напредок. Дискусиите за одредена проблематика им овозможуваат на поединците да развијат вештини за критичко размислување и комуникација, поттик на слободоумност и толеранција, како и унапредување на општествениот напредок. Дискусиите, формални и неформални, имаат суштинско значење за напредокот, затоа што дебатата е размена на мислења за одредени решенија на проблемите. Долгорочно, јавната дебата ги учи граѓаните дека треба да бидат поактивни во процесот на донесување на одлуките, односно преку дебатите се искажуваат мислењата, интересите и очекувањата на луѓето за прашања што го засегаат целото општеството, но на овие избори, по сѐ изгледа, македонските граѓани нема да бидат сведоци на јавна дебата.

Недостигот од јавната дебата и соочувањето на политичките опоненти суштински се одразува и во нешто друго. Честопати политичките или претседателските избори низ светот се добиваат на јавна дебата преку соочување со противникот, како и преку презентирање одредени мислења, ставови и решенија. Но македонските политичари не изнајдоа храброст јавно, пред македонските граѓани, да се соочат со своите противници. Очигледно е дека станува збор за тактизирање на одредени политички субјекти, меѓутоа доколку не се покажат храброст и подготвеност за соочување со политичките опоненти на една јавна дебата, тогаш како може да се очекуваат храброст и подготвеност за соочување со внатрешните и надворешните егзистенцијални проблеми на Македонија.
Политиката не се состои само од платена пропаганда, митинзи или навредување на опонентите, напротив, политичарите од светски ранг покажуваат дека не се ноеви што ја прикриваат својата глава во земјата, криејќи се од јавни дебати и соочувања, напротив лице во лице се соочуваат со опонентите, но и со суштинските проблеми на нацијата, државата и на општеството.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

How Ukraine Is Weakening Russia’s War Machine

Over the past several months, Ukrainian drones have penetrated...

Како јас ја разбирам „Македонија твоја“!? – Denesen.mk

Јованка КЕПЕСКА Македонија твоја ја разбирам како слободно дејствување и...

Македонецот не може да го поднесе погледот на секој што го прави немакедонец! – Denesen.mk

Бранко САРКАЊАЦ Сликајќи го портретот на граѓанинот на FYROM јас...