Николовска: Чаир е добар ривал, но верувам дека ќе останеме непоразени

Актуелниот бранител на титулата, тимот на Ѓорче Петров, утре ќе гостува кај Чаир во рамки од 20. коло во Женската лига.

Ѓорче Петров доколку слави во Чаир ќе биде на милиметри од нова титула, па затоа составот на Симе Симовски мора максимално да одработи.

Една од поискусните вo Ѓорче Петров, левото крило Анастасија Николовска го најави утрешниот дуел против нејзиниот поранешен клуб.

,,Овој натпревар е од важен карактер за нас, прво за да ја оправдаме фаворитската улога на теренот, а и воедно со тоа да ја задржиме титулата во наши раце. Чаир е добар ривал, има свои квалитети, не е за потценување, но верувам дека со нашата игра и подготвеност ќе успееме да останеме непоразени сезонава”, изјави Николовска.

Левото крило се надева дека нејзиниот тим сезоната ќе ја заврши со 25 победи на свое конто.

,,Во една убава атмосфера во тимот ги разгледуваме силните страни на Чаир и мислам сме добро аналитични подготвени. Тренираме како што ја започнавме сезоната, во едно високо темпо, што се покажува како успешно. Се надевам на победи до крајот од сезоната за истата да ја завршиме според посакуваното, на шампионски начин, трета година по ред”, заврши Николовска.

Натпреварот меѓу Чаир и Ѓорче Петров ќе се одигра на 20 април со почеток од 18:00 часот во спортската сала “7 Мај“. Влезот за сите љубители е слободен.

Ѓорче Петров на испит – ако слави во Чаир ќе биде на милиметри од нова титула



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ