Екипата на Прилеп се наоѓа на чекор до задржување на суперлигашкиот статус за следната натпреварувачка сезона.
Тимот предводен од Божидар Мојсов на две кола пред крајот од плеј-аут фазата си има обезбедено најмалку бараж.
Прилепчани на 12 одиграни натпревари остварија девет победи, едно реми и само двапати не успеаја да дојдат до трите бодови.
Еден од најзаслужните за деветте победи на Прилеп беше голманот Иван Ангелески, кој беше избран за МВП на 12 коло во изборот на читателите на 24Ракомет.
Младиот голман се надева дека неговиот тим ќе победи на последните два натпревари од плеј-аут фазата.
,,Признанието МВП на 12. коло за мене значи многу и ми дава мотивација за во иднина да бидам уште подобар. Во вториот дел од оваа сезона играме многу подобро за разлика од првиот дел, во кој не успеавме да се пласираме во плеј-офот, но сега сме во добра ситуација и имаме големи шанси да го задржиме суперлигашкиот статус за наредната сезона. Ни преостануваат уште два натпревари, за последни ривали ги имаме Вардар Неготино и Еурофарм Пелистер 2. Ние ќе го дадеме максимумот на двата натпревари, со цел да дојдеме до уште две победи и секако, да го избегнеме баражот”, изјави Ангелески.
Прилеп во 13. коло од плеј-аут фазата ќе гостува кај Вардар Неготино, додека во последното коло на домашен терен ќе се соочи со Еурофарм Пелистер 2.
МВП НА 12. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – ИВАН АНГЕЛЕСКИ (ПРИЛЕП)