Ангеловски: Фасцинираат игрите на Загреб, но имаат и маани

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го очекува последниот натпревар од Лигата на шампионите против хрватскиот Загреб.

Во Битола доаѓаат Дибиров, Чупиќ, Гојун…а тренерот Бранко Ангеловски очекува дека неговиот тим може да ги искористи мааните на ривалот.

„Кај нас доаѓа една ракометна институција. Ако погледнеме во минатотот, не треба ни да зборуваме за името на клубот. Сите хрватски репрезентативци морале да поминат низ таа школа. Загреб има одлична млада генерација, која во иднина ќе биде добар тим на ракометните терени. Имаат спој на младост и искуство. Кога зборувам за искуство, пред се мислам на Диборов, Чупиќ и Гојун. Тоа се трите стратешки позиции кои ја прават одбраната толку хомогена и густа и ќе ни биде тешко да ја разбиеме таа одбрана. Загреб игра константно добро и за мене не е во прашање и нивниот пласман во следниот круг на Лигата на шампионите. Фасцинираат нивните игри, но од друга страна имаат и маани, на кои ние ќе обрнеме внимание овие денови и ќе бидеме спремни максимално за нивната игра и во напад и во одбрана“, изјави Ангеловски.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Загреб ќе се игра утре во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:45 часот.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Француски документарен филм за конфискуваната колонијална уметност е победник на Берлиналето

Добитник на Златната мечка за најдобар филм на овогодинешното...

Дивата од модните писти слави 58 роденден: Се трудам да бидам добра

– Благодарна за уште еден сет роденденски свеќички –...

Големо невреме зафати делови од БиХ – училишта и болници останаа без покриви

Силно невреме придружено со силен ветер во текот на...

Димитриевски: ЗНАМ нема да поддржи избор на претседател во Собранието

Вакви барања секогаш доаѓаат во предизборен период, и наводно...