Ангеловски: Копривница нека биде почеток на нова историја!

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска го игра претпоследниот натпревар на Мундијалот во Хрватска.

Ривал е селекцијата на Унгарија, која за влакно не се пласираше во четвртфиналето на СП, а имаме два порази од неа на пријателските натпревари.

Кадетите досега играа одлично на СП, фалеше малку за Македонија наместо во Копривница, да фати правец кон Вараждин, каде се играат четвртфиналните средби.

На Вараждин и настапите на сениорското СП во 2009 година, се потсети и еден од тренерите во нашата репрезентација, Бранко Ангеловски, кој тогаш беше дел од таа генерација на Македонија.

„Убав е овој ден, врвулица во кампусот каде што бевме сместени. Многу репрезентации си одат, а во исто време толку и доаѓаат. Подобрите одат, полошите остануваат, но има една работа. Подобрите одат во два правца, малку подобрите или посреќните кон Вараждин, а несреќните кон Копривница. Првите ќе се борат за медал, другите за деветто место. Малку ни фалеше за Вараждин, град во кој мојата генерација почна да ја пишува македонската ракометна историја, но којзнае, можеби Копривница, можеби овој град што е географски многу блиску до Вараждин ќе биде почеток на една нова историја. Како и да е, Македонија е наша и сѐ ќе направиме за неа, каде и да играме. Одиме напред! За кого? За Македонија!!!“, напиша Ангеловски на Инстаграм.

Натпреварот меѓу Македонија и Унгарија се игра во Копривница, во салата „Јосип Самарџија Бепо“ со почеток во 20:00 часот.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Соиграч на Филип Талески пред преселба во Партизан

Тимот на Партизан за следната сезона создава тим...

Фуксе Берлин по долга пауза се враќа во европската елита

На неколку кола пред крајот во најквалитетната лига...

Не го однесе клубот на Ф4 во ЛШ, па си заработи отказ

Скапиот проект на ЧСМ Букурешт петта сезона по...

Три екипи во битка за директен опстанок во елитата

Утре со натпреварот меѓу Скопје и Мулти Есенс...