Апанажи или Лапанажи: Треба целосно да се укинат, Македонија нема пари за тоа, потребни се за лекови, градење…

Државен функционер во Македонија има многу привилегии. Многу, некои стекнати од самото работно место, некои сами си ги земаат… И тоа скапо задоволство не завршува со нивното заминување од фотелјите, не, тогаш на „буџите“ им следува апанажа.

Е, се тоа го плаќа народот во Македонија. А износите се преголеми, како што има и премногу функционери.

Сега, почнаа да го намалуваат кругот на корисниците на апанажата. Од вчера, по одлуката на уставните судии, паричен надомест веќе нема да може да користат оние функционери коишто поднеле оставка или, пак, биле разрешени. Судиите застанале на ставот дека е неприфатливо таквите лица и натаму да добиваат плата од државниот буџет во ситуација кога понеле некаков вид на одговорност поради вршењето на доверената функција. 

Добро е што уставните судии донеле една ваква одлука, но што е со оправданоста на натамошно постоење на генералното право на апанажа? Според се уште актуелниот  Закон за плати и надоместоци за избрани и именувани лица право на апанажа имаат пратеници, функционери и раководни работници. Тоа е премногу и за побогати држави.

-Пратеник кој за време на вршењето на пратеничката функција остварувал плата или надоместок на плата во месечен износ во Собранието, функционер и раководен работник, претседател и премиер, кој за време на вршењето на функцијата остварувал плата, да може да остварува плата по престанувањето на функцијата за време до една година, и тоа: три месеци, ако функцијата ја вршел до шест месеци, шест месеци, ако функцијата ја вршел од шест до 12 месеци, девет месеци, ако функцијата ја вршел од 12 до 24 месеци и 12 месеци, ако функцијата ја вршел 24 месеци и еден ден и повеќе, предвидува Законот.

Подносителот на иницијативата до Уставниот суд адвокат од Струга Григорие Ќатоски во неа го оспорил и ова право. Тој смета дека со тоа што имаат право на апанажа по истекот на мандатот и на функцијата носителите на функции на законодавната и извршната власт се здобиваат со повластен општествен статус само поради општествената положба во која се наоѓаат. Со тоа, според него, се нарушувал уставниот принцип на еднаквост на сите граѓани во државата.

-Во расправата судиите застанаа на ставот дека не е нарушена еднаквоста на граѓаните. Односно, дека нема дискриминација кога пратеници, функционери и раководни работници имаат право на апанажа, а обичните работници имаат право на надомест предвиден со Закон за осигурување во случај на невработеност. Јас сметам дека не може да се прави аналогија. Односно, или сите – и пратеници и обични – треба да земат апанажа или сите треба да земаат надомест во случај на невработеност. Излегува дека за едни важи еден а за други друг закон, изјави денеска Ќатоски за „Скопско ехо“ додавајќи дека уставните судии сметале и тоа дека и со апанажите треба да се стимулираат граѓаните да извршуваат јавни функции.

Ова беше основ по кој минатата година и пратениците на Левица во македонскиот парламент побараа укинување на правото на апанажа за пратениците, функционерите и раководните лица по престанокот на функцијата. Пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов сметаа дека со тоа функционерите се во повласена положба во однос на обичните работници кои добиваат мал перичен надомест во случај на невработеност. Но, на гласањето останати пратеници ова барање го одбија.

Со тоа бројот на лицата коишто ќе можат да користат апанажа и натаму останува голем со оглед дека тоа право го имаат пратеници, избрани функционери и раководни лица во агенции, јавни претпријатија… Некои проценки зборуваат дека секој месец од државниот буџет на апанажи одат околу 38.000 евра, односно, околу половина милион евра годишно.

Апанажите треба да се укинат, оти повеќе наликуваат на лапанажи од буџетот, во кој нели нема доволно пари за лекови, за градење, за…

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Заврши сезоната за АЕК, Николовска најдобар стрелец против Каматеру

Двете интернационалки од Македонија, Марија Николовска и Драгана...

Фленсбург на чекор до Ф4 во ЛЕ, Динамо едвај до победа против Скјерн

Денеска беа одиграни првите четвртфинални дуели од второто...

Ристовска без грешка, ЦСКА на чекор до полуфинале во рускиот шампионат

Екипата на ЦСКА Москва, во која настапува репрезентативката...

Анакиевски и Лисичков го водеа Партизан до победа над Преспа Вардар

Екипата на Партизан од Гевгелија на свој терен...