„Автори и дела, 8“ – нова книга од Васил Дрвошанов

Објавен е најновиот труд на лингвистот, критичар и поет Васил Дрвошанов – „Автори и дела, 8“, во кој се опсервираат монографии што се резултат на повеќегодишни научни истражувања и имаат трајна вредност со вонвременско значење за македонистиката.

Во книгата Дрвошанов анализира самостојни дела од Мери Јосифовска, Дијана Петровска и Славчо Ковилоски, чиј заеднички признак е македонството. Изданијата што се предмет на анализа се публикувани во периодот од 2018 до 2021 година. Тие се уникатни дела од македонски научници, претставници на новата генерација македонисти, кои се доктори по филолошки науки и кои веќе се етаблирани научници од различни хуманистички дисциплини: македонска ономастика, методика на наставата по македонски јазик и историја на македонската книжевност.

Дрвошанов темелно ја анализира првата одделна монографија за целокупниот антропонимски систем во конкретен регион (Крушево) во македонската ономастика, изработена од македонскиот научник Јосифовска. Трудот на Петровска за учебниците по македонски јазик е единствен по опсегот и по интерпретацијата на оваа комплексна материја за најгорливото прашање во воспитно-образовниот процес во основното образование во Македонија. Анализираната монографија на Ковилоски е прв научен труд со интердисциплинарен карактер што ни овозможува јасна согледба на македонското женско творештво и на подвигот на македонските жени во XIX век.

Проф. д-р Васил Дрвошанов е автор на четириесет книги од областа на лингвистиката и на македонската книжевност. 


Post Views:
230

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Соиграч на Филип Талески пред преселба во Партизан

Тимот на Партизан за следната сезона создава тим...

Фуксе Берлин по долга пауза се враќа во европската елита

На неколку кола пред крајот во најквалитетната лига...

Не го однесе клубот на Ф4 во ЛШ, па си заработи отказ

Скапиот проект на ЧСМ Букурешт петта сезона по...

Три екипи во битка за директен опстанок во елитата

Утре со натпреварот меѓу Скопје и Мулти Есенс...