Борко Ристовски: „Расадник“ ќе прерасне во модерен спортски комплекс

Руинираниот „Расадник“ ќе се преименува и ќе прерасне во модерен спортски комплекс. По цели 30 години, домот кадешто кариерата ја почнале еминентни имиња во македонскиот спорт повторно ќе го добие некогашниот сјај. Проектот е во завршна фаза, по што ќе следи објавување тендер и почеток со градба – најави градоначалникот на Кисела Вода. Општината ќе стопанисува со објектот откако минатата година по долг и мачен процес, правно и без долгови ја презеде од Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт.

Министерот за спорт Борко Ристовски кој и самиот ја почнал својата ракометна кариера во Расадник, вели дека оваа е само една од многуте планирани реконструкции на спортски објекти кои новото министерство кое го раководи ги планира до крајот на мандатот.

Владата најави дека капитални објекти во спортот и другите области нема да се финансираат само од централната власт. Со ребалансот на буџетот се предвидени 250 милиони евра кои ќе бидат пренаменети за проекти на локалната власт. Општините веќе подготвуваат проектни документации, а ќе се јават на јавен повик во септември. Општина Кисела Вода е една од ретките кои веќе има испланирано проекти со кои ќе конкурира не само во септември, туку за следните две години. Еден од нив е изградба на поликлиника во општината во местото Расадник.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ