Бошњак: Сите знаеме кој е Вардар, пресуди неговото исксутво!

Ракометарите на Струга на стартот на 51. издание на традиционалниот турнир покрај езерото беа поразени од Вардар со 29:17.

Најефикасен во поразениот табор беше црногорскиот интернационалец Мерис Бошњак, кој смета дека на денешниот дуел пресудило големото искуство на двократниот европски шампион.

,,Сите знаеме кој е Вардар, ја оправдаа улогата на фаворит и им честитам за денешната игра. Мислам дека пресудно беше искуството на ривалот и неговата поголема ротација, ние се обидовме колку што можеме да парираме, но тоа е сепак Вардар. Утре не очекува нов предизвик, одиме со крената глава и на победа против Гуиф”, изјави Бошњак за 24Ракомет.

Црногорецот токму денес го имаше деби настапот за неговиот нов клуб. Минатата сезона ја мина во редовите на Еурофарм Пелистер 2, но во овој клуб не доби доволно минутажа.

,,Во суштина Струга ми пружи минутажа, која ја немав во Битола. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на претседателот на клубот, управата и на сите инволвирани, навистина добро ме прифатија и ќе се обидам да ги оправдам нивните очекувања”, заврши Бошњак за 24Ракомет.

Струга утре со почеток од 20:30 часот ќе има дуел против шведскиот Гуиф.

Срдановиќ: Цврстата одбрана и дисциплината во нападот беа клучни за денешната победа

 

СТРУГА 2023: Вардар очекувано и лесно до победа (ФОТО)

 

 

Дознајте ги сите новости поврзани со 51. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет.

.
.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!

 

 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Трампа меѓу Кил и Келце – Вулф во Германија, Беласен во Полска!

Според пишувањата на „Билд“, еден од најдобрите голмани Андреас...

Од Куманово во БиХ – Благојевиќ ќе им прави друштво на Граџан, Николиќ, Плех…

Довчерашниот член на Куманово, Милош Благојевиќ, кој во...

Вардар ја врати Јасмина Попова во своите редови

Покрај продолжувањата на неколку договори со клучните играчи,...