Вардар лесно и убедливо со висок триумф тргна на Турнирот Струга 2023, покажувајќи ја „новата сила“ со која „црвено-црните“ тргнуваат сезонава. Добија шанса и новите и старите, и победата доаѓа како добра мотивација пред следните дуели. Двоцифрената разлика во корист на вардарци потврдува дека пак се решени да бидат „ракометен фактор“. Но, вистинските тестови допрва доаѓаат.