Бразилски репрезентативец пристигнува во Војводина

Актуелниот шампион на Србија, Војводина, на лето ќе претрпи големи измени, па така раководството на клубот веќе се активираше на трансфер пазарот.

Според пишувањата на порталот „Балкан Хендбол“, репрезентативецот на Бразил, Жоао Силва, во следната сезона ќе настапува за клубот од Нови Сад.

Искусниот ракометар игра на позицијата среден бек и во составот на Борис Ројевиќ ќе пристигне од романскиот суперлигаш ЧСМ Букурешт.

30-годишниот среден бек во својата кариера настапуваше за Адемар Леон, Шамбери, Стеуа Букурешт, Бенфика, Динамо Букурешт, Пунети Хенил, како и за вториот тим на Барселона.

Војводина во ланската сезона го освои трофејот во ЕХФ Купот, додека во оваа сезона се пријави за настап во Лигата на Европа и успеа да ја мине само групната фаза.

Клубот на лето ќе го напуштат неколку играчи, а еден од нив е Живан Пешиќ, кој потпиша за македонскиот суперлигаш Охрид.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николов и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку изминатата сезона одлучи...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николив и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку сезона одлучи правдата...

Колку заработија екипите што играа во ЛШ?

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во изминатата сезона подели...

United in Isolation, Putin and Kim Keep the World Guessing About Their Sanction-Busting Plans

Nearly a quarter-century after his last visit to Pyongyang,...