Чурлевски најдобар стрелец против Дикен

Тимот на Грифк, каде што игра македонскиот интернационалец Филип Чурлевски, со пораз ја започна битката за бронза во Финска.

Грифк загуби на гостувањето кај Дикен со 22-20, а средниот бек беше најдобар стрелец во поразениот тим.

Некогашниот член на Пелистер, Вардар Јуниор, Еурофарм Работник, Прилеп и СИФ, успеа да постигне седум погодоци.

Следниот натпревар во серија за третото место во финскиот шампионат, Грифк и Чурлевски го играат на домашен терен на 20 април.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ