Чурлиновска собра 12 одбрани и стана МВП против Исланд

Чурлиновска собра 12 одбрани и стана МВП против Исланд

Женската младинска репрезентација на Македонија во второто коло од Светското првенство беше поразена од Исланд со 29:17 (11:11).

Иако Македонија загуби од островската земја, сепак, најдобар играч на натпреварот, односно МВП, беше голманката Матеа Чурлиновска, која собра 12 интервенции.

Членката на Ѓорче Петров бранеше одлично во првите 30 минути, во кои на ривалот му одбрани и неколку седмерци.

Утре Македонија против Ангола ќе се бори за пласман во главната фаза на младинскиот Мундијал.

Македонија доживеа дебакл, но шансите за главната рунда останаа

 

 

 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ