Охрид загуби од Татран Прешов по ударите од седум метри во битката за третото место на турнирот „Крсте Андоновски“. Еден од најдобрите поединци беше словенечкото десно крило Гал Цирар, кој вели дека шансата беше пропуштена во периодот кога охриѓани водеа со три гола во вториот дел. Сепак тој вели дека тимот ќе работи напорно и следната година ќе се обиде да го освои трофејот на турнирот на кој се домаќини. Целосната изјава на Цирар погледнете ја во видео прилогот…