Црковните старопечатени книги од с. Лазарополе подарени во Бигорската книгохранителница

По желба и иницијатива на Црковниот одбор при црквата „Св. Вмч. Георгиј Победоносец“ во с. Лазарополе, кој покажа голема совесност, словесност и грижа кон писменото христијанско и културно наследство, а во договор и со благослов на нашиот старец и игумен, Епископот Антаниски г. Партениј, денеска на Бигорската книгохранителница ѝ беше врачена една мошне значајна книжна збирка од стотина старопечатени книги. Станува збор за црковни книги кои досега се чуваа во храмот на Свети Георгиј во славното мијачко село, кое низ историјата родило и одгледало многу значајни македонски општествени и просветни дејци.

Одлуката за депонирањето на книгите во Бигорскиот Манастир беше донесена на состанокот на Црковниот одбор на 31 јули годинава, под претседателство на г. Димко Попоски. Во неа, меѓу другото, се вели:

„Црковниот одбор при храмот Св. Ѓорѓија – Лазарополе на состанокот одржан на 31.07.2022 г. донесе одлука книжниот фонд што го поседува, а се состои од стотина книги од типот на библии, требници, минен и др., да ги додели на манастирската библиотека при манастирот Св. Јован Бигорски на понатамошно чување и нивно одржување. Овие книги досега со години се чуваа заклучени, без можност да се употребуваат и беа изложени на пропаѓање“.

Се работи за библиотечен фонд на старопечатени книги, во најголем дел од 19. век, напишани главно на црковнословенски јазик. Сите тие се богослужбени и поучителни книги кои биле ползувани за богатиот духовен и воцрковен живот на лазоровци. Детален список на истите состави д-р Атанас Чупоски, а на него се потпишаа секретарот на Одборот, г. Соне Јосифовски и библиотекарот од Бигорската книгохранителница од име на старецот Епископ г. Партениј.

Им благодариме и го пофалуваме благочестивото дело на побожните лазоровци, кои со тоа што ги подарија овие бесценети историски книги на Бигорскиот Манастир, покажаа вистинска љубов и грижа за запазување на духовното и културно наследство на своите предци. Впрочем, бигорските отци и духовници во минатото најмногу се погрижиле за просветата во овој крај, а преку нивните молитви и благослов, Бигорски ја има истата евангелско-просветна мисија и денес.

Во најбрзо можно време монасите со голема грижа и љубов им пристапија на книгите, кои беа внимателно, лист по лист, очистени од прашините и штетниците и беа соодветно складирани во библиотечниот простор на Бигорската книгохранителница, со стручна класификација. За комплетна реставрација на оштетените книги се потребни значителни финансиски средства, за кои се надеваме дека ќе бидат собрани преку донации на луѓе со свест за значењето на писменото наследство./www.bigorski.org.mk


Post Views:
233

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ловќен и Будуќност остануваат доминантни во Црна Гора

По освоениот национален шампионат, ракометарите на Ловќен го...

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – ЖЕНИ (АНКЕТА)

Втора сезона по ред редакцијата на 24Ракомет, единствениот...