Дејвид и Викторија Бекам купуваат вила во Црна Гора: Велелепното здание ќе ги чини 12 милиони евра

Славната брачна двојка Викторија и Дејвид Бекам наводно купуваат луксузна вила на Јадранот, поточно во близина на Тиват во Црна Гора. Парот неодамна испратил официјално барање до агентите да им дадат понуда за вила во околината на Тиват, која веќе некое време се продава, дознава „Телеграф.рс“.

Луксузната вила се наоѓа во градот Доња Ластва, од каде се пружа неверојатен поглед на морето, а се наоѓа на плац од 4.200 метри квадратни.

Вилата е изградена во четири основни нивоа кои меѓусебно се поврзани со лифт, а во дворот, покрај базенот, има и градина украсена со разни растенија, а најинтересно е што во него се наоѓа и дрво маслинка стара помеѓу 800 и 1000 години.

Внатрешноста на вилата се состои од дневна соба, од која се пружа волшебен поглед на градот и морето, кујна и седум соби, теретана и многу други забавни содржини.

Цената на вилата наводно е 12 милиони евра.

Потсетуваме, семејството Бекам го посети црногорското приморје во 2018 година, а тогаш престојуваше во луксузен комплекс на Свети Стефан.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Заврши сонот за четвртфинале, Македонија ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место

Женската младинска репрезентација на Македонија на Светското првенство...

Познати се шеширите пред ждрепката и во женската елита

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денес ги објави  шеширите...

Еурофарм Пелистер во третиот шешир – еве ја процедурата пред ждрепката за ЛШ

Европската ракометна федерација ги објави шеширите пред ждрепката...

Attacks in Dagestan Will Marginalize and Endanger Russia’s Muslims. Further.

From the Republics is a new weekly column from...