ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Еурофарм Пелистер на мегдан со Монпелје

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денес го очекува нов дуел на ТВ турнирот на шампионите во Добој.

Во рамки од последното коло од групите на традиционалниот турнир во Добој, ривал на избраниците на Александар Јовиќ ќе биде францускиот Монпелје.

Тимот од Франција во вчерашниот дуел против Ал Ахли одигра нерешено, 25:25, додека битолскиот тим беше убедлив против домаќинот Слога Добој со 39:24.

Актуелниот бранител на титулата, тимот на Ал Ахли, за денешен ривал го има домашниот тим и тука се очекува лесна победа за ракометарите на Давид Дејвис.

Словенечкиот шампион Целје ќе се судри со каталонскиот гигант Барселона во дуел од другата група.

Интересен натпревар се очекува да има и на балканското дерби меѓу Загреб и Војводина, која вчера го изненади Целје, триумфираше со 27:24.

По денешните одиграни натпревари ќе биде познат конечниот пласман во групите, по што ќе следува разигрување за пласман, односно борба за трофејот.

Распоред на денешните натпревари на ТВ турнирот на шампионите во Добој:

15:30 АЛ АХЛИ – СЛОГА ДОБОЈ

17:20 ЗАГРЕБ – ВОЈВОДИНА

19:10 МОНПЕЛЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

21:00 ЦЕЛЈЕ – БАРСЕЛОНА



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со две промени против Црна Гора

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Заврши сонот за четвртфинале, Македонија ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место

Женската младинска репрезентација на Македонија на Светското првенство...

Познати се шеширите пред ждрепката и во женската елита

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денес ги објави  шеширите...

Еурофарм Пелистер во третиот шешир – еве ја процедурата пред ждрепката за ЛШ

Европската ракометна федерација ги објави шеширите пред ждрепката...