Разликата меѓу мултиетничка заедница и мултиетничка држава

Добро е што привлекувате внимание на ваквото однесување (незнаење) на нашите политичари, кое е сè поприсутно не само кај нив туку и кај многу други јавни личности во нивните настапи, па дури и кај многу наши самопрогласени политички аналитичари.
Сакам само да нагласам дека за разликите меѓу поимите мултиетничка и мултикултурна заедница и мултиетничка држава не се потребни стручњаци по уставно право, бидејќи тоа веќе се учи уште во гимназиите по предметот Социологија, каде што темелно се разработуваат поимите општество, држава, народ, нација, етнички заедници или групи и други слични социолошки категории.
Во таа смисла, исто така многу наши политичари и јавни личности многу често за македонскиот народ го користат зборот етничка група, што е и елементарно незнаење. Имено, не може македонскиот народ во сѐ уште сопствената држава во која е уставотворен народ да биде ословуван исто како етничка заедница со, на пример, наброените делови од други народи во Уставот, кои, точно, се етнички заедници, но имаат свои матични народи или држави, како што се Албанците, Србите, Хрватите и другите, кои сите имаат свои матични држави: Албанија, Србија, Хрватска итн.
Според тоа, Македонците во Република Македонија не се етничка заедница, тие се државотворен матичен народ, а Република Македонија е матична држава на Македонците што живеат надвор од Република Македонија.
Уште еднаш, добро е што укажавте на ова непознавање на разликите меѓу гореспоменатите социолошки поими и категории, кои особено политичарите и другите јавни личности треба да ги знаат и да внимаваат како ги употребуваат во нивните јавни настапи.

Стојан Руменовски

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

📷Војводина си направи малер – предвреме „прослави“ трофеј

Тимот на Партизан ја шокираше Војводина и го освои...

Хансен се враќа на терените – ќе биде спремен за двомечот со Веспрем

Легендарниот дански репрезентативец Микел Хансен моментално отсуствува од...